Нишкама карма e санскритски термин кој означува несебично делување, без очекување на плодови или резултати од работата. Тоа е еден од централните принципи опишан во древниот индиски текст „Бхагават гита“.
Гита-та содржи голем број „јоги“ или патеки. Една таква сугерира прифаќање на став на стоичка и достоинствена резигнација или „рамноумност“ (асоцијација на рамнодушност) во она што се прави. На работното место ова може да значи изведување на професионалните обврски на најквалитетен начин, но без да се биде генерално насекиран околу резултатите, во смисла на лично напредување и награда.
„Нишкама“ означува отсуство на желба, соодветниот дух во кој треба да се изведе одреден дејство. Од перспектива на Бхагавад Гита, но и во традиционалната индиска мисла воопшто, желбата по нешто е генерално проблематична бидејќи подразбира преокупација со себеси. Со намалување на истата, може да се изведе истата работа или дејство без постојаното дефокусирање произлезено од одбегнување вина, очекување пофалба или одобрување.
Oва е нешто слично како теоријата на протокот (flow) na Михали Чиксентмихали (Mihaly Czikszentmihalyi) за којашто претходно пишувавме тука. Тој ја опишува оваа психолошка состојба како целосна втопеност во одредена задача, при што вниманието е насочено кон она што се прави, а не она што се мисли за изведбата или за резултатот. Ова резонира со советот на Кришна во Гита:
„Додека неуките ги изведуваат своите задачи концентрирани на резултатите, мудрите делуваат без приврзување, во име на водење на луѓето на вистинскиот пат“.