Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Арно: Книжарска мапа на Скопје

16 October 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Нова објава на порталот „Арно“ е посветена на некогашните и сегашните книжарници во Скопје. Нолит, Табернакул, Култура преку Камениот мост и во Ристиќева, Мисла, Икона...„Во нив можеше да влезеш без да знаеш што бараш. Ќе разгледаш што пристигнало, ќе отвориш книга поради необичниот наслов, ќе препознаеш автор за кого си слушнал од пријател. И пред да се свестиш поминал еден час, можеби и неколку часа. Потоа ќе излезеш со книга што немала никаква врска со причината зошто си влегол во книжарницата. Неколку дена подоцна, повторно си таму.“
  • Книжарниците во Скопје беа и места за такви средби. Со книги, со луѓе, со идеи за кои дотогаш не сме знаеле дека постојат. Новата мапа на Арно.мк ги поврзува старите книжарски адреси со нивните приказни, преселби и денешни продолженија.
  • Кликнете на линкот на кој во моментов има 17 записи за 15 локации.
извор

„Скопје филм фестивал“ од 4-9 ноември со богата програма

3 November 2026
  • Share
  • Post
  • Новото издание на Скопскиот филмски фестивал (СФФ), што ќе се одржи од 4 до 9 ноември, се враќа по тригодишна пауза со богата програма и македонската премиера на филмот „17“ на Косара Митиќ.
  • Во главната конкурентска програма под насловот „Дијалози“ се осум филмови - „Тинејџерски секс и смрт во кампот Мијазма“, „Спирала“, „Изабел“, „Нема рај ако ти убие жена“, „Отфрлен“, „Чувство на дом“, „Мизерна мајка“ и „Тивки ноќи“. Во рамите на програмата ќе бидат прикажани и филмовите „Фјорд“ и „17“ и „Електричен бакнеж“, кои се надвор од конкуренцијата. Во програма насловена „А1 Кинотека“ со почеток од 13 часот ќе бидат прикажани филмови од богатата српска кинематографија.
  • Затворањето на фестивалот и поголем дел од проекциите ќе се одвиваат во киното „Фросина“ при Младинскиот културен центар. Целосната програма тука, карти достапни на МКТикетс.
извор

„Чајанка“ - изложба на Емилија Сандиќ во „Шума“

2 November 2026
  • Share
  • Post
  • Во среда, 4 ноември, со почеток од 19 часот, Концепт кафе Шума ќе биде домаќин на уникатна фотографска изложба насловена „Чајанка“, чија авторка е истакнатата млада визуелна уметница Емилија Сандиќ. Настанот се организира во рамките на активностите на Зрно фестивал, посветен на промоција и истражување на алтернативните фотографски процеси.
  • Серијата фотографии е настаната во процес на истражување на ретката и фасцинантна техника mordançage — алтернативна фотографска постапка во која фотографската емулзија, под дејство на специфични хемикалии, се разградува, се подигнува од хартијата, се разлева и се трансформира – слично како што се подготвува чај. Преку оваа материјална промена, Сандиќ го истражува деликатниот однос помеѓу контролата и случајноста, како и меѓу стабилниот и променливиот слој на фотографијата.
  • Со изборот на мотивот — растенија од кои се подготвува чај — во центарот на фокусот е ставен процесот на инфузија: моментот во кој врелата вода ја покренува трансформацијата, извлекувајќи боја, трага и мирис од сувата материја.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Стручњакот на годината е од Гостивар

Кец у два
2

Ќе преживее ли медиумски оваа легенда?

Медиуми
3

60 посто од сите возрасни во Парагвај останаа без пари

4

ТВ дуел какви веќе нема

Медиуми
5

Печење ракија, трет ден

Балканштина
6

Бојан Трифуновски им го кажа

Разно
7

Јокиќ го збриша Торонто за 201. трипл-дабл и сруши нов историски рекорд во НБА

Кошарка
8

Не знае дека ја нашол правата

Балканштина
1

Како телепатијата помогнала во создавањето на рускиот интернет

Bookbox
2

Toa чувство да ти имало име - граѓанска тага

Bookbox
3

Убавина има насекаде. Ама што ќе ни е?

Bookbox
4

Француски автор призна дека користи ВИ, а сепак ја освои престижната Гонкурова награда

Bookbox
5

Радио драма, серија и филм за едно исто киднапирање од 1977 - зошто? 

Bookbox
6

MЗЛ: религијата што ти дава божествено право да кажеш „не“

Bookbox
7

„Скопје филм фестивал“ од 4-9 ноември со богата програма

8

Малиот човек и големото бидè

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Песни од Македонија - Домаќине (Ντομάκινε)

Балканштина

Печење ракија, трет ден

Медиуми

Ќе преживее ли медиумски оваа легенда?

Балканштина

Не знае дека ја нашол правата

Медиуми

Еуфемизам на денот

Разно

Бојан Трифуновски им го кажа

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кога ќе те дирне оглас

Итно да ѝ се препише чучавец

Викајте екипи од Дискавери!

Словенац, кажуј како е во ЕУ?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy