- Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2026 година се додели вчера (5.10.) за оптогенетиката – метод што овозможува да се прикаже како нервните клетки ги обликуваат сеќавањата, чувствата и однесувањето во живиот мозок. Петер Хегеман и Георг Нагел открија извонреден протеин, каналородопсин, кај едноклеточна алга. Карл Дајсерот го претвори овој протеин во прекинувач за нервни клетки управуван со светлина. Лауреатите ги поставија темелите на нова ера во невронауката.
- Мозокот е мрежа во која милијарди нервни клетки непрекинато разменуваат електрични сигнали. Но, долго време невронауката имала еден фундаментален проблем: можела да набљудува што се случува во мозокот, но многу потешко можела прецизно да интервенира и да покаже која конкретна група неврони е одговорна за одредено чувство, сеќавање или однесување.
- Приказната веќе излегува и од лабораторијата. Во клинички испитувања се истражува можноста оптогенетски пристапи да помогнат во враќањето на дел од видот кај лица со ретинитис пигментоза, а се разгледува и нивна примена за попрецизни кохлеарни импланти.
- Нова објава на порталот „Арно“ е посветена на некогашните и сегашните книжарници во Скопје. Нолит, Табернакул, Култура преку Камениот мост и во Ристиќева, Мисла, Икона...„Во нив можеше да влезеш без да знаеш што бараш. Ќе разгледаш што пристигнало, ќе отвориш книга поради необичниот наслов, ќе препознаеш автор за кого си слушнал од пријател. И пред да се свестиш поминал еден час, можеби и неколку часа. Потоа ќе излезеш со книга што немала никаква врска со причината зошто си влегол во книжарницата. Неколку дена подоцна, повторно си таму.“
- Книжарниците во Скопје беа и места за такви средби. Со книги, со луѓе, со идеи за кои дотогаш не сме знаеле дека постојат. Новата мапа на Арно.мк ги поврзува старите книжарски адреси со нивните приказни, преселби и денешни продолженија.
- Кликнете на линкот на кој во моментов има 17 записи за 15 локации.
- Овогодишната Нобелова награда за економија им припадна на Американците Роберт Хол и Мајкл Вудфорд за нивното истражување на микроекономските основи на макроекономската стабилизација.
- Истражувањето на Хол и Вудфорд покажа дека макроекономските модели стануваат посилни кога поаѓаат од однесувањето на поединечните домаќинства и претпријатија. Нивната работа сè уште претставува важна основа за современата економска политика.
- „Работата на лауреатите ни обезбеди стабилна теоретска основа за моделите што сега ги користат централните банки и владите ширум светот“, се вели во соопштението на Комитетот. „Благодарение на работата на Хол и Вудворд подобро сме подготвени да се справиме со економските шокови, како што се енергетските кризи или ненадејните промени во потрошувачката на домаќинствата“.
- За време на нафтените кризи во 70-тите години на минатиот век, постоечките кејнзијански модели што долго време се користеа за одредување кога и како треба да се спроведат мерки за справување со рецесии или други економски флуктуации, престанаа да функционираат. Тоа ги поттикна Хол и Вудфорд да развијат нови алатки за разбирање на тоа кои политички одговори би биле најефективни.