- Белгиско-американскиот физичар Френсис Халзен е добитник на Нобеловата награда за физика за 2026 година за неговиот пресуден придонес во создавањето на неутринската опсерваторија „АјсКјуб“, „коцка мраз“ (IceCube) и за откривањето високоенергетски неутрина од астрофизичко потекло. Ова го соопшти Кралската шведска академија на науките во Стокхолм на прес конференција одржана денес, 6.10.
- Според образложението, Халзен препознал дека мразот на Јужниот Пол може да се искористи за следење честички познати како неутрина. Неговата визија и научно лидерство биле од суштинско значење за развојот на „Ајс Кјуб“ - детектор поставен во кубен километар антарктички мраз опремен со сензори. Благодарение на оваа опсерваторија, научниците можат да регистрираат неутрина што потекнуваат од енергетски процеси во далечната вселена.
- Неутрината, често нарекувани и „честички духови“, се меѓу најмистериозните елементарни честички во природата. Тие немаат електричен полнеж и поседуваат речиси занемарлива маса, а со обичната материја реагираат исклучително слабо. Поради тоа, нивното откривање е многу тешко. Во просек, секоја секунда околу десет милијарди неутрина поминуваат низ секој квадратен сантиметар од површината на Земјата. Токму затоа големи детекторски системи како „Ајс Кјуб“, поставени во мразот на Антарктикот, се обидуваат да регистрираат барем дел од нив.
- Оние што како нас секој ден решаваат Зборле знаат дека зборовите почнаа да се повторуваат - сепак со пет букви има ограничен фонд. Сега на Михаил Стевчев му текнало да направи зборле со 6 букви - Шестерка.
- Кодот му е опен сорс на неговиот Гитхаб профил, а повеќе детали како одел процесот има во овој пост.
- Го пробавме денес и добро е - оди на линкот.
- Од 26 до 30 октомври 2026 година, Кино Фросина при Младинскиот културен центар и Џебното кино во Скопје ќе бидат место каде планините „зборуваат“ преку филмови, презентации, средби со гости и активности за сите генерации. Сите настани се бесплатни.
- ЕХО 17 носи петдневна програма, овојпат со 49 проекции од меѓународната селекција. Приказните ги спојуваат алпинизмот, планинарењето, спелеологијата, екологијата, културата, авантурата и секојдневниот живот во планинските заедници. Покрај филмовите, публиката ќе може да слушне домашни и странски гости, да присуствува на разговори и да ги доведе децата на детски работилници.
- Фестивалот се отвора во понеделник, 26 октомври, во 19:00 часот во Кино Фросина. Веднаш потоа Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ја претставува пештерата Врело во Матка, најдлабоката пештера во светот истражена од човек, со длабочина од 338 метри. Првата вечер завршува со филмот „Фрост – приказната на животот“ на Том Сивел од САД.
- Програмата не е само за алпинисти и планинари. Таа е за секого што сака добра приказна за природата и луѓето. Ќе се прикажуваат филмови за големи искачувања, скијање, пештерски истражувања, диви реки, климатски промени, женски приказни од планината и заедниците што живеат покрај неа.
Програма по денови тука