Ограноците на Јавната библиотека на Ворчестер во Масачусетс не наплаќаат надомест за долго задржување на книгите, но сепак одредуваат парични казни за загубени или општетени изданија. Сега, библиотеката ги повикува корисниците кои имаат вакви долгови да испратат слики од маче, за на тој начин тие да можат да продолжат да ги користат услугите на библиотеката.
„Секогаш бараме начини да ги намалиме бариерите“, изјавил директорот на библиотеката Џејсон Хомер. „Знаеме дека голем број луѓе имаат загубено книги поради тоа што морале да се селат или затоа што се соочиле со проблеми во текот или по глобалната пандемија“.
„Мачки за простување на казните“ е дел од Мартовското мјаукање, едномесечна кампања која вкулчува и работилници (за шминкање како мачка“, играње со мачки кои се чуваат во засолништа (со можност за нивно вдомување), емитување на филмот „Мачки“ од 2019 и други настани.
Понудата не важи за оние кои не вратиле пет или повеќе книги и исто така не важи за други предмети кои можат да се изнајмат од библиотеката, како караоке машини, е-читачи или друштвени игри. За нив слика (фотографија или цртеж) со маче нема да помогне.