Во црна картонска кутија која е многу практична за на пат се наоѓаат 36 картички кои прикажуваат знаменитости од шест германски градови: Берлин, Хамбург, Келн, Минхен, Штутгард и Франкфурт. Тие се дел од нова друштвена игра, Мемополис, чија цел е да се детектираат градби кои припаѓаат на еден ист град и на тој начин да се промовира културното наследство.
Така, Англиската градина и Новото градско собрание во Минхен се една од можните комбинации, или Брандербиршката капија и Темподромот во Берлин.
За да ја креира и пласира оваа игра за германскиот пазар, Дамир Башиќ од Сараево во Германија формирал своја фирма, Шиз Гејмс, а во процесот на креирањето се вклучила и неговата сопруга, Емина Османовиќ. Тие двајцата живеат од 2018 во Келн. Идејата за ваква игра им се појавила уште пред 9 години, но во Босна тогаш немало технички можности таа да се дизајнира и пласира. Така, „Мемополис“ е печатена и произведена во Чешка, а објаснувањата се на германски и англиски. Играта веќе може да се купи во ЕУ, а во Босна ќе биде достапна од крајот на мај.