Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Нобеловата награда за хемија за откритието што објаснува зошто молекулите имаат „лева“ и „десна“ страна

7 October 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Нобеловата награда за хемија оваа година им е доделена на Французинот Анри Каган и на Јапонецот Кенсо Соаи за откривањето на нелинеарните ефекти и на автокатализата во асиметричната органска синтеза. Тоа го соопшти Кралската шведска академија на науките во Стокхолм. Според образложението, нивните откритија биле од клучно значење за хемичарите кои ги поставуваат основите за производство на лекови.
  • Некои молекули, како што се аминокиселините, постојат во две варијанти што се огледална слика една на друга (тн. хиралност). Живите организми, меѓутоа, содржат само една од тие огледални форми. Прашањето како може да настане ваква хемиска асиметрија долго време претставувало мистерија за хемичарите. Каган, од Универзитетот Париз-Југ, и Соаи, од Токискиот универзитет за наука, ја добиваат Нобеловата награда затоа што пронашле решение за овој проблем.
  • За хиралноста претходно во Букбокс пишувавме тука
извор

Арно: Книжарска мапа на Скопје

16 October 2026
  • Share
  • Post
  • Нова објава на порталот „Арно“ е посветена на некогашните и сегашните книжарници во Скопје. Нолит, Табернакул, Култура преку Камениот мост и во Ристиќева, Мисла, Икона...„Во нив можеше да влезеш без да знаеш што бараш. Ќе разгледаш што пристигнало, ќе отвориш книга поради необичниот наслов, ќе препознаеш автор за кого си слушнал од пријател. И пред да се свестиш поминал еден час, можеби и неколку часа. Потоа ќе излезеш со книга што немала никаква врска со причината зошто си влегол во книжарницата. Неколку дена подоцна, повторно си таму.“
  • Книжарниците во Скопје беа и места за такви средби. Со книги, со луѓе, со идеи за кои дотогаш не сме знаеле дека постојат. Новата мапа на Арно.мк ги поврзува старите книжарски адреси со нивните приказни, преселби и денешни продолженија.
  • Кликнете на линкот на кој во моментов има 17 записи за 15 локации.
извор

Нобеловата за економија за подобри начини за справување со кризи и шокови

12 October 2026
  • Share
  • Post
  • Овогодишната Нобелова награда за економија им припадна на Американците Роберт Хол и Мајкл Вудфорд за нивното истражување на микроекономските основи на макроекономската стабилизација.
  • Истражувањето на Хол и Вудфорд покажа дека макроекономските модели стануваат посилни кога поаѓаат од однесувањето на поединечните домаќинства и претпријатија. Нивната работа сè уште претставува важна основа за современата економска политика.
  • „Работата на лауреатите ни обезбеди стабилна теоретска основа за моделите што сега ги користат централните банки и владите ширум светот“, се вели во соопштението на Комитетот. „Благодарение на работата на Хол и Вудворд подобро сме подготвени да се справиме со економските шокови, како што се енергетските кризи или ненадејните промени во потрошувачката на домаќинствата“.
  • За време на нафтените кризи во 70-тите години на минатиот век, постоечките кејнзијански модели што долго време се користеа за одредување кога и како треба да се спроведат мерки за справување со рецесии или други економски флуктуации, престанаа да функционираат. Тоа ги поттикна Хол и Вудфорд да развијат нови алатки за разбирање на тоа кои политички одговори би биле најефективни.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Златен медал за македонска ракија во Лондон

2

Во чест на легендарниот администратор на АМЦ

Македонштина
3

Нови ЕУ правила за рачен багаж во авиони

4

Дојде време да се укине престапната секунда

Занимливости
5

Репортажа од Македонија: Ова никако не го очекував

Разно
6

Пленковиќ: Две европски држави на Македонија ѝ одземаа 21 година

7

Изгубени во подесувањата

Балканштина
8

Макартни ја дешифрира модерната музика

Музика
1

По 28 години пешачење низ светот, Карл Бушби се врати дома

Bookbox
2

Ника Ротшилд: баронесата-заштитничка на џезерите

Bookbox
3

Арно: Книжарска мапа на Скопје

4

Репортажа од Варшавскиот филмски фестивал, ден 3: Пливањето не е за девојчиња

Bookbox
5

Од митолошките суштества до алармите - зошто се викаат „сирени“?

Bookbox
6

„Рејџбејт“ е германскиот младински збор на годината за 2026

Bookbox
7

Ајс Кјуб доби Нобел за физика

8

Букбокс интервју со Нина Николиќ: „Сите сме виновни и никој не е амнестиран“

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Изгубени во подесувањата

Разно

Репортажа од Македонија: Ова никако не го очекував

Македонштина

Во чест на легендарниот администратор на АМЦ

Балканштина

Нашите „Богати и славни“ стигнаа до Белград

Балканштина

Два различни родителски пристапа

Македонштина

Автопат „Мед и млеко“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како за свинскиот грип испаднавме овци

Збир на неофицијални правила по држави

И после Пустец биле сељаците

Беше, Бог да го прости, невозможен човек

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy