Моќните ќелави жени низ историјата на уметноста

Статистиката вели дека најмалку 40% од жените искусуваат паѓање на коса или алопеција во текот на нивните животи. Различните начини на кој овој феномен е претставен во уметноста низ историјата покажува на колку различни начини бил интерпретиран.

Ќелавоста или алопецијата има повеќе облици - може да биде само на одредени места на скалпот, оставајќи гола површина во облик на монета (алопеција аерата). Но кај некои лица опаѓањето на косата има поголем обем, па може дури и да го зафати и лицето и целото тело (алопеција универзалис).

Иако почесто се зборува за машката ќелавост, таа ги погодува и жените, кои изнаоѓаат различни начини да ја прикријат, бидејќи опаѓањето на косата за нив е и естетски а и социјално многу понеприфатливо. 

Низ историјата таа не била директна тема на уметнички дела, но сепак постојат такви на кои прикажаните жени се проќелави, со високи чела или сосема без коса.

Во религиската или митолошката уметност, ваквото „високо чело“ е идеализирано како знак на божественост. Ова е особено карактеристично во прикажувањето на Богородица во ренесансната уметност. Уште поинтересен е приказот на италијанскиот скулптор Андреа дела Робија од 1475 на Пруденција, дел од серија рељефи кои прикажуваат различни доблести. Тука персонификација на разумноста односно мудроста е проќелав машко-женски, односно родово бинарен лик. 

Намерното пак бричење на главата се сметало како знак на поинакви, духовни приоритети, како кај монахињите во повеќе религии. Фреските на ѕидовите од гробница на древниот египетски фараон Акенатен прикажува две од неговите ќерки, голи и без коса. Древните Еѓипјани имале два одделни термина за женска и машка алопеција, што покажува колку оваа појава била вообичаена во таа култура.

Сепак, ова не е ограничено само на Египет. Делумно или целосно бричење на главата кај жените историски било познато во суб-сахарска Африка. Како што забележал еден патник помеѓу жителите на кралството Исини (модерна Гана) во 18 век: „Некои жени бричат само половина од главата, а други оставаат по некое влакнесто место тук и таму“.

За разлика од минатото, денес алопецијата се дискутира исклучиво низ медицински термини, како вид болест. Фармацевтските и козметичките производи се промовираат како „нужни“ третмани. Ново лиценцирано лекарство, литфуло или ритлецитиниб, се рекламира како „прв третман“ и „лек“ за алопеција. 

Но приказите на ќелавоста кај жените низ историјата е потсетник за мноштвото начини на кои може да се разгледува губитокот на косата. Понекогаш како начин на засрамување на жените (со нивно насилно шишање или бричење), а понекогаш како знак на божественото, тие сугерираат и простор помеѓу овие крајности. 

извор 

7 март 2024 - 10:02