- Канадската поетеса, есеистка и преведувачка Ен Карсон денеска (8.10.) е прогласена за добитничка на Нобеловата награда за литература за 2026 година, соопшти Шведската академија во Стокхолм. Таа непосредно до прогласувањето водеше на светските обложувалници, заедно со кинеската авторка Кан Сјуе.
- Карсон е позната по делата кои често ги преминуваат границите меѓу поезијата, фикцијата и научната литература. Таа преведувала старогрчка литература и повеќе од 30 години била професорка по класични студии.
- Според комитетот, Карсон, која има 76 години, ја доби наградата „за нејзиниот смел и инвентивен опус, кој, во разигран дијалог со класичната традиција, создаде нови форми за современата литература“.
- Нова објава на порталот „Арно“ е посветена на некогашните и сегашните книжарници во Скопје. Нолит, Табернакул, Култура преку Камениот мост и во Ристиќева, Мисла, Икона...„Во нив можеше да влезеш без да знаеш што бараш. Ќе разгледаш што пристигнало, ќе отвориш книга поради необичниот наслов, ќе препознаеш автор за кого си слушнал од пријател. И пред да се свестиш поминал еден час, можеби и неколку часа. Потоа ќе излезеш со книга што немала никаква врска со причината зошто си влегол во книжарницата. Неколку дена подоцна, повторно си таму.“
- Книжарниците во Скопје беа и места за такви средби. Со книги, со луѓе, со идеи за кои дотогаш не сме знаеле дека постојат. Новата мапа на Арно.мк ги поврзува старите книжарски адреси со нивните приказни, преселби и денешни продолженија.
- Кликнете на линкот на кој во моментов има 17 записи за 15 локации.
- Овогодишната Нобелова награда за економија им припадна на Американците Роберт Хол и Мајкл Вудфорд за нивното истражување на микроекономските основи на макроекономската стабилизација.
- Истражувањето на Хол и Вудфорд покажа дека макроекономските модели стануваат посилни кога поаѓаат од однесувањето на поединечните домаќинства и претпријатија. Нивната работа сè уште претставува важна основа за современата економска политика.
- „Работата на лауреатите ни обезбеди стабилна теоретска основа за моделите што сега ги користат централните банки и владите ширум светот“, се вели во соопштението на Комитетот. „Благодарение на работата на Хол и Вудворд подобро сме подготвени да се справиме со економските шокови, како што се енергетските кризи или ненадејните промени во потрошувачката на домаќинствата“.
- За време на нафтените кризи во 70-тите години на минатиот век, постоечките кејнзијански модели што долго време се користеа за одредување кога и како треба да се спроведат мерки за справување со рецесии или други економски флуктуации, престанаа да функционираат. Тоа ги поттикна Хол и Вудфорд да развијат нови алатки за разбирање на тоа кои политички одговори би биле најефективни.