Bookbox

Филмот на Џенифер Пидом ја враќа заслугата на Тензинг Норгај, алпинистот чие знаење за планината и извонредните вештини биле клучни за историското искачување на Монт Еверест во 1953 година. На моменти преромантичен и предвидлив, тој во себе сепак ја вклучува важната дискусија за британскиот (и секаквиот) империјализам и луѓето во сенка што ја овозможувале неговата моќ.

Врската меѓу античката митологија и модерниот аларм започнува со еден необичен научен инструмент од крајот на 18 и почетокот на 19 век.

По 28 години пешачење низ светот, Карл Бушби се врати дома

Звучи како штоф за филм, а таков наскоро и ќе видиме, во режија на Вернер Херцог. Во 1998 година тогаш 29-годишниот Карл тргнал од јужниот крај на Чиле со 500 долари во џебот и речиси невозможна идеја: да стигне до домот на мајка си во Англија без да користи превоз за да го скрати патот. Речиси три децении подоцна, по џунгли, граници, мориња и безброј препреки, британскиот авантурист е на само неколку стотици километри од целта - домот на неговата мајка во Хал, Англија.

Репортажа од Варшавскиот филмски фестивал, ден 3: Пливањето не е за девојчиња

За сцените со секс користеле координатор за интимност (!). Да и тоа постои. Актерите изјавија дека координаторката за интимност била пратена од бога, актерот особено ја пофали нејзината улога во сцените каде што требал да мастурбира.

„Рејџбејт“ е германскиот младински збор на годината за 2026

Содржините што намерно нè лутат станаа толку вообичаени на интернет што добија и официјален сленг термин - иако е на англиски, тој е прогласен за најпопуларен збор помеѓу младите во Германија.

Необичните триаголни писма испраќани во Втората светска војна

Денес самиот чин на рачно пишување писма делува необично, а уште повеќе нивното превиткување во форма на триаголник, со што самите се претворале во коверт. Токму на овој начин се допишувале руските војници за време на Втората светска војна со семејствата дома. 

80-20 или што е тоа принципот на Парето?

Се викал Вилфредо Федерико Дамасо Парето, италијански полимат, кој се занимавал со економија, филозофија, инженерство. Нему можеме да му заблагодариме за популаризацијата на терминот „елита“. По него е наречен и еден битен принцип кој се однесува на микроекономијата, но и на голем дел од остатокот од животот.

Синот на Нобеловецот Кензабуро Ое е слеп и едвај зборува, но има продадено милиони албуми со своја музика

Хикари Ое се родил аутистичен и со пречки во развојот. Докторите се обиделе да ги убедат родителите дека треба да го остават да умре. Тие одбиле и се одлучиле за операција на мозокот после која тој останал слеп, епилептичен и со ограничена физичка координација. Но еден ден сосема тивкиот Хикари реагирал на звук на птица.

Човечки геном складиран на мемориски кристал кој трае 'вечно'

Научници од Универзитетот во Саутхемптон во Британија успеале да нац'цкаат цел човечки геном на 5Д мемориски кристал - револуционерен формат за складирање податоци за кој велат дека може да опстане милијарди години и од него (ако затреба) да се реставрира целото човештво.

Кој бил првиот ди-џеј на светот?

Вистинското име му било Клаус Кирини, а станал диџеј од - досада. Местото е Ахен, клубот се викал Скоч, а сè почнало кога немајќи локален бенд таа вечер во 1959-та (или несакајќи да троши пари на музичари) газдата поставил грамофон среде салата. Клаус почнал да пушта плочи и да ги најавува на микрофон. 

Букбокс гледаше: „Островот на милијардерите“ (серија, 2024)

Звучи како наслов на реално шоу во кое натпреварувачи на пуст остров се обидуваат да станат милијардери со тоа што ќе минат низ опасни предизвици на преживување. Ама не - ова е норвешка верзија на „Сксешн“, но ни од далеку толку напната и античко-трагична како неа. Сепак, има шарм во тоа да следиш сплетки во бизнис со лосос, на тотално неразбирлив јазик, со убави пејзажи и заплети кои вклучуваат физичко кинење рибарски мрежи, а не просто шпекулирање со бројки онлајн.

Првата жена која се кандидирала за претседател на САД била брокерка, спиритуалистка и промотор на слободна љубов

Многу пред Хилари Клинтон и Камала Харис да се кандидираат за претседателки на САД, Викторија Клафлин Вудхал го направила тоа за време на американските избори од 1872. Нејзиниот револуционерен, иако неуспешен обид, сепак не бил единствениот повод што нејзиното име често се појавувало во медиумите. Ја нарекувале „вештерката-брокер“, а таа носела мини-здолништа и знаела и повеќе пати да се разведе од истиот човек ако ја изнервирал.

Емпатијата е полесна ако сите ја имаат

Можеби звучи преочигледно за воопшто да стои како наслов - ако на сочувство и разбирачка се враќа со истото, тогаш е полесно да се одржи таквата атмосфера и да се поттикнува кај други. Ама она што е очигледно и логично не значи дека е и лесно да се постигне, нели?

Човекот што го смисли терминот „презентеизам“ e против „диносаурусите“ што бараат работа од канцеларија

Сер Кери Купер, американско-британски психолог и професор на Универзитетот во Манчестер, е автор на термин кој во 1980-тите почна да опишува луѓе кои се постојано физички присутни на работното место и подолго од потребното или за да покажат дека работат напорно дури и кога тоа не е навистина така, а поради страв од отпуштање. Сега истиот тој Купер вели дека враќањето на принципот на канцелариска работа е дел од истата таа шема, која му штети на менталното здравје и на крајот на краиштата штети и на продуктивноста.

На 29 години почина Микела Де Принс, балерината-сираче од војната во Сиера Леоне. По 24 часа почина и жената што ја посвои

За неа пишувавме уште пред речиси десет години кога излезе нејзината автобиографија, „Надеж во балетанка“. Родена како Мабинту Бангура, Микела го добила своето ново име кога била посвоена од Елејн Де Принс и нејзиниот сопруг, со кого имале вдомено вкупно единаесет деца погодени од различни несреќи. Еден ден по Микела умира и нејзината мајка. 

Како серијата „Шогун“ игра со важноста на преводот

На неодамнешното доделување на наградите „Еми“, серијата во десет продолженија, „Шогун“, стана првата од неанглиско говорно подрачје што го доби ова признание во категоријата драма. Хиројуки Санада и Ана Саваи се првите јапонски актери што некогаш добиле Еми. Популарноста на серијата поттикнува различни анализи, а една од поинтересните има врска со преводот.

Вакво може да направиме - село на видовити

Лили Дејл во државата Њујорк има вкупно 275 жители. Од нив дури 50 се регистрирани како посредници со оностраното (што би се рекло - „медиуми“) и се активни во текот на целата година. Ви гледаме далечен пат...

Политичка стратегија „Мртва мачка на маса“

„Дедкетинг“ или мртвомачкосување е политичка стратегија при која во јавноста намерно се пласира шокантна најава за да се сврти вниманието од реални проблеми или недостатоци во друга област. Ви текнува за што зборуваме, нели?

Букбокс гледаше: „Дванаесетмината нежни“ (1991) или јапонска верзија на еден класик

Израдувани од веста дека во МНТ се подготвува верзија на „12-мината гневни“, антологискиот текст на Реџиналд Роуз, со ѕвездена екипа на македонското глумиште, решивме да се потсетиме на него и на неколкуте филмски адаптации за коишто знаевме. Ама имало една што ни избегала.

15 линкови за 15 години Букбокс

Од 14 септември 2009-та.
6.610 статии.
322 филмски осврти - „гледанки“.
200 книжевни осврти - „читанки“. 

Брилијантниот лингвист кој ја наведувал својата мачка како ко-автор

Јуриј Кнорозов бил советски лингвист, кој имал огромен удел во својата област - разоткривање на тајните на писмото на древните средноамерикански цивилизации. Денес сепак е најпознат по приказната дека својата сијамска мачка Асја ја ставал како ко-автор на неговите дела.

Зошто се смееме кога сме нервозни и уплашени?

Научниците сè уште не го знаат одговорот на ова прашање, но имаат некои интересни претпоставки. На пример дека контрадикторноста на реакцијата (слична на плачењето при голема среќа) всушност има за цел да ни ги избалансира чувствата, просто за да не пукнеме од страв.

Букбокс читанка: „Смрт во Токио“ од Кеиго Хигашино

Детективски роман напишан од еден од најпознатите автори на овој жанр во Јапонија, чии дела се преточени и во филмови и серии. Еден од оние во кои на крај и не е толку важно кој е убиецот, туку како низ насилната смрт на еден човек се расветлуваат често мрачни и затскриени катчиња од социјалната реалност на една земја - во случајов стереотипно совршеното јапонско општество.

Уметноста на завршувањето на работите или како да ѝ ја пресечеш главата на ламјата?

Дали сте го почувствувале ефектот на Проектот Хидра? Без оглед колку напорно работите, како никогаш да не можете да стигнете до целта - на патот постојано искрснуваат нови и нови предизвици кои само го одолговлекуваат процесот. Сечете една глава на ламјата - на нејзино место се појавуваат три. Звучи познато?

Комисијата во која би сакале да членуваме

Не е за македонско-бугарски прашања. Не е државна изборна или за тендери. Ова се луѓе чија единствена задача била - да пробуваат чаеви.

Џејмс Ерл Џонс како дете не зборувал цели осум години од срам што д'ткал

Актерот со веројатно најславниот глас во филмската историја почина на 8 септември на 93 години. Но многу пред да им го позајми гласот на Дарт Вејдер или на Муфаса, тој имал проблем со пелтечење кој се заканувал никогаш да не проговори пред непознати.

Букбокс гледаше: „Дрскиот: Дејвид Чејс и Сопранови“ (2024, ХБО)

Би требало да измислат посебна ознака за документарци кои се однесуваат на специфичен поп-културен, во случајов телевизиски производ, која би гласела: „Само за љубители“. Затоа што навлегувањето во толку детали од некоја серија е можно да се следи (логично) само ако ја имате гледано. Ако овој услов ви е исполнет, тогаш повелете на сесија со креаторот на она што сигурно сте го засакале и на кое со задоволство ќе се потсетите. Ако не, знаете што треба да направите.