Пораснат во Мисисипи и подоцна во Мичиген, Џоунс бил речиси нем цели осум години од своето детство. Комуницирал само со најблиското семејство и со животни - крави, кокошки, прасиња - но не и со други деца. Во неделното верско училиште кое го посетувал пред основното децата паѓале на подот од смеење кога се обидувал нешто да прочита. Кога тргнал на школо ситуацијата само се влошила, па тој целосно се откажал од зборување во јавност.
Негов професор на почетокот на гимназијата се послужил со трик за да го ослободи од стравот. Џејмс пишувал поезија, но наставникот намерно го предизвикал со тоа што го обвинил дека песната е плагијат. „Ако сакаш да докажеш дека си ја напишал, застани пред класот и изрецитирај ја наизуст“, му рекол. Џејмс така и сторил. Ова му поттикнало интерес за глума, па се запишал на Универзитетот Мичиген на школата за музика, театар и танц. До тогаш веќе научил да си го контролира д'ткањето, но според негови зборови никогаш сосема не го надминал.
Шесте децении актерска кариера со три Еми награди, две Тони и почесен Оскар, како и бројни настапи на театарските сцени и во антологиски улоги на филмското платно покажуваат дека и најголемите предизвици можат да се надминат, особено ако природата ти дарила глас како неговиот, длабок и свечен по малку зарипнат бас кој истовремено гали и влева стравопочит.
Едно од неговите појавувања во Биг бенг тиори по кое ќе го паметиме.