Ако може да има златарска уличка или кварт на уметници, зошто да нема населба на видовити?
Лили Дејл во државата Њујорк практично живее од иднината. Дури педесетина од неговите 275 жители нудат приватни сеанси, во домашни услови или во природа, работилници и пристап до духовниот свет за сите оние кои сакаат да ѕирнат „од другата страна“.
Ова е најголемата ваква заедница на светот, а е сместена крај прекрасното езеро Касадага. Црковните ѕвона секој ден го најавуваaт циклусот сеанси во една од најголемите стари шуми кои се останати во северо-источна Америка.
Мотото на местото е „унапредување на науката, филозофијата и религијата на спиритуализмот“. Во него има два хотела и неколку приватни пансиони, сè е многу блиску и отворено за сите, од скептични, преку љубопитни, до „многу навлезени“.
Приватните сеанси чинат од 8-100 долари, но шумските се колективни и бесплатни. Таму видовитите повикуваат луѓе од публиката по случаен избор во тек на еден час. Во центарот на Лили Дејл има и музеј, каде е прикажана малку поинаква страна на американската историја, низ призмата на Спиритуалистичкото движење. Музејот нуди и потрага по духови во текот на ноќта.
Стиснете желба.