„Убаво е што се преценуваме, меѓутоа реалноста е таа која што е. Ги немаме повеќе во тимот Пандев, Ристовски, Адеми кои играа тогаш во Интер, Спортинг, Динамо, Елмас во Наполи, Алиоски во Лидс. Во моментов го имаме Столе кој брани за Валенсија, Барди се врати од повреда, не играше четири месеци, исто и Џани, Миовски во Глазгов воопшто не игра, влегува по 1-2 минута, Растодер во Панатионаикос влегува во 1-2 минута, најмногу што играл е 8 минути. Само Муслиу е стандарден и Зајков во Катар. Тоа е нашата реалност. Мора да тргнеме во подмладување“, вели Омерагиќ.