Продолжува војната на зборови на релација Мрме - ФФМ. Поранешниот селектор, Игор Ангеловски, испровоциран од вчера, со фотка во друштво на Дејвид Мојс, му одговори на Масар Омерагиќ: Не сум од тие кои ќе дозволат да ми се заканувате! Изјавувате ноторни лаги за мене. Не заборавајте Вие мене ми се јавивте. Сте ме пуштиле на интерфон без да ме известите за тоа како што кажавте “пред сведоци”.
Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ во интервју за ТВ 21, зборува на повеќе теми и открива дека во последните две години федерацијата има потрошено 1 милион евра повеќе од тоа што има на располагање. Вели дека во младинските категориии имало коруптивни активности и дека во нашиот фудбал се носеле фудбалери со претходно искуство како диџеи.
Претседателот на ФФМ, Масaр Омерагиќ, одговора на околу 30 новинарски прашања од повеќе медиуми на различни теми, како клупски и репрезентативен фудбал, судиската комисија, ВАР-технологијата, спонзорства, инвестиции, младински сектор.
Претседателот на Синдикатот на фудбалери, Панчев Ќумбев, а воедно и поранешен репрезентативец на Македонија, даде краток и јасен коментар околу смената на раководството во ФФМ. За промени, смета дека е потребна чистка и рестарт.
Еден ден по вонредното изборно генерално Собрание, новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ го одработи првиот ден во куќата на фудбалот. Се запозна со вработените во федерацијата, ги повика на брифинг новинарите, а имаше и прва средба со селекторот Боби Милевски, кој за три месеци ги стартува мундијалските квалификации.
Фудбалската федерација на Македонија го одржа вонредното изборно генерално Собрание. Прифатена е оставката на досегашниот претседател Муамед Сејдини и претставена е новата раководна структура на куќата на фудбалот.