15 линкови за 15 години Букбокс

Од 14 септември 2009-та.
6.610 статии.
322 филмски осврти - „гледанки“.
200 книжевни осврти - „читанки“. 

Од освртот за „Бранови“ на Вирџинија Вулф, објавен на некогашен он.нет на 14 септември 2009-та, ова се 15 одбрани Букбокс линкови за исто толку години.

Интимни и терапевтски
Расказ за туѓата кожа
Како си поминав на Валентајн во Филхармонија

Репортажи од лице место
Букбокс од Виена
Сани од Гамбија
Илија од Галапагос

Текстови што довеле до други убави нешта
Македонците се на рана да ги ставиш
Кога Дејан ми пиша дека го чита Букбокс. Па јас ги преведов сите три негови книги. Па се запознавме во Белград. Па дојде на промоција во Скопје. 

Како изгледала Македонија во 1971?
Кога Јурук ми прати линк од дотогаш кај нас непознатите фотографии на Нил Фолберг. Па му пишав на Нил и снимивме подкаст епизода за „Обични луѓе“. Па напишав предговор за неговата книга. Па таа истовремено излезе на англиски и на македонски. Па Нил дојде во Скопје и му ја свиревме „Кочански сејмени“.

Фестивал на јадење книги (десет изданија)

Букбокс книжевен маскенбал

Првиот Твитер календар, инициран од Букбокс (2012)

Букбокс друштвени игри

Букбокс интервјуа

Некролози за сакани луѓе
Леонард Коен
Роберт Пирсиг

Автори и идеи за кои сме пишувале пред други

Оправдани критики (како кога избрзано го умревме Кундера)
Неоправдан судски спор од година и пол за книжевен осврт

Најдобар коментар во порака во овие 15 години, за „Дали повеќе сакаш да живееш како колибри или како желка?“
А.: ИЛИНО, ИДИ У ПИЧКУ МАТЕР!

Нај-читател: Струмјан, што клика лајк на секој пост, за „алгоритамот да не почне да му покажува други сајтови“

Нај-уредник: Трендо

Фала на сите.

14 септември 2024 - 09:38