Bookbox

Филмот на Џенифер Пидом ја враќа заслугата на Тензинг Норгај, алпинистот чие знаење за планината и извонредните вештини биле клучни за историското искачување на Монт Еверест во 1953 година. На моменти преромантичен и предвидлив, тој во себе сепак ја вклучува важната дискусија за британскиот (и секаквиот) империјализам и луѓето во сенка што ја овозможувале неговата моќ.

Врската меѓу античката митологија и модерниот аларм започнува со еден необичен научен инструмент од крајот на 18 и почетокот на 19 век.

По 28 години пешачење низ светот, Карл Бушби се врати дома

Звучи како штоф за филм, а таков наскоро и ќе видиме, во режија на Вернер Херцог. Во 1998 година тогаш 29-годишниот Карл тргнал од јужниот крај на Чиле со 500 долари во џебот и речиси невозможна идеја: да стигне до домот на мајка си во Англија без да користи превоз за да го скрати патот. Речиси три децении подоцна, по џунгли, граници, мориња и безброј препреки, британскиот авантурист е на само неколку стотици километри од целта - домот на неговата мајка во Хал, Англија.

Репортажа од Варшавскиот филмски фестивал, ден 3: Пливањето не е за девојчиња

За сцените со секс користеле координатор за интимност (!). Да и тоа постои. Актерите изјавија дека координаторката за интимност била пратена од бога, актерот особено ја пофали нејзината улога во сцените каде што требал да мастурбира.

„Рејџбејт“ е германскиот младински збор на годината за 2026

Содржините што намерно нè лутат станаа толку вообичаени на интернет што добија и официјален сленг термин - иако е на англиски, тој е прогласен за најпопуларен збор помеѓу младите во Германија.

Чарлс Рихтер - енигматичниот сеизмолог чиј живот бил полн со потреси

Рихтеровата скала, заедно со Меркалиевата, е најчесто спомнуваната кога се определува јачина на земјотрес. Човекот по којшто е наречена го изумил концептот на магнитуда, но и самиот имал прилично „земјотресен“ живот и карактер. 

Неверојатните предвидувања на еден научник од 1925 кои (главно) се остварија

Арчибалд Лоу бил инженер, физичар и изумител, како и автор на повеќе од 40 книги. Во историјата е запишан како човекот што го направил првиот дрон, но овој откачен тип е заслужен за многу повеќе од тоа. 

Букбокс читанка: „Четврто меѓуледено доба“ од Кобо Абе

Малку е да се каже дека оваа книга е необична, особено имајќи го предвид времето во коешто е напишана, во 1950-тите. Тогаш авторот кој важи за еден од пионерите на научната фантастика во Јапонија пишувал за компјутери што можат да ја предвидат иднината и за таен проект којшто на луѓето ќе им овозможи да добијат шкрги и да живеат под вода, поради климатските промени.

Снежната топка била случаен изум - пронаоѓачот всушност работел на осветлување хируршки сали

Потеклото на декорацијата, онаа која кога ќе се протресе паѓаат снегулки, е поврзано со 17-тиот бицирк на Виена, каде потомците на изумителот се уште ги изработуваат за колекционерите низ светот.

Јастог и леб со големи дупки: храна која носи малер ако се јаде на Нова година

Насловот можеше да биде и „оваа храна никако не смеете да ја јадете на новогодишната ноќ“, ама па така ќе ризикувавме да се најдеме во сопствената рубрика „Стигнавме на дното“. Затоа малку ќе го промениме аголот - ова се верувања за тоа која храна носи малер ако се јаде на крајот на годината и почетокот на новата во различни култури. 

Човекот заслужен што компирот е на нашите трпези

Антоан-Огистен Парментие бил француски фармацевт и агроном од 18-19 век. Сепак, неговата најголема заслуга во историјата на човештвото е што го промовирал компирот како храна за луѓето во Франција и Европа. Без него ни чипс, ни помфрит, ни пире...а богами ни мусака.

Тарот, тарантули и ТикТок: нашата опсесија со предвидување на иднината

Нова изложба во Оксфорд ја истражува привлечноста на тоа да знаеш што ќе се случи во иднина, дури и кога тоа знаење може реално да влијае врз неа (за добро или за лошо). Освен ако не верувате дека нештата се „чкртнати“ - ама па тогаш и знаењето многу не ви помага.

Првата жена со докторат по математика во Европа

Се викала Софија Ковалевскаја (моминско Корвин-Круковскаја). Родена 1850 во Москва, таа не само што била првата жена што во модерна смисла одбранила докторат по математика, туку била и прва назначена за редовен професор во северна Европа. А по политичко убедување била - нихилист.

Психологијата зад „Бејби рејндир“ - една од најдобрите серии на 2024

Долго време се опиравме да ја почнеме серијата за која најмногу се зборуваше изминатата година. Но она што на прв поглед изгледаше како црна комедија за сталкерка излезе нешто многу, многу повеќе.

„Буквално“ - непотребниот потребен збор во повеќе јазици

„Значи како се начукав, буквално не знаев кај сум празнициве“ - ова можеби ќе биде наскоро нечија реплика, која ќе ја сфатиме метафорично или...буквално.

Прва корица на албум што е истовремено и друштвена игра

Откако собра средства со онлајн кампања, еден британски бенд вклучи игра со симболична содржина во првите 200 примероци од својот нов албум, надевајќи се дека со неговата продажба ќе можат да финансираат уште копии. 

Букбокс гледаше: „Поротник број 2“ (2024)

Клинт Иствуд сними филм на 94 години. Тој е можеби послаб од неговите најдобри дела, но сепак поставува сложени етички прашања, во кои се препознава влијанието на класикот „12 гневни луѓе“, ама со „твист“.

Најсуровите книжевни критики на 2024

Во нашата средина не сме навикнати на „сосекувачки“ критики за што и да е од областа на уметноста. Дури и оние кои сакаат да укажат на недостатоци на делото сепак ги бираат зборовите, затоа што средината е мала и лесно е да се замериш. Но тоа не е така во поширокиот книжевен свет.

Како да победиш на шпанскиот Скребл без да знаеш збор шпански?

Веднаш да одговориме, за да не ве држиме во неизвесност. Тајната на тоа да станете шампион во оваа игра на зборови, на јазик кој не го познавате е - да го запомните целиот негов речник. Лесно, нели?

Иконофагија или јадење слики за здравје

Нова книга на Џереми Керинг, професор по историја на уметност на Универзитетот во Фрибург, Швајцарија, се занимава со историјата на верувањето дека јадењето делови од свети слики и реликвии помага во лекувањето на одредени болести. Секако, ова историски подразбирало нивно делумно или целосно уништување. 

2024-та низ најчитаните статии на Википедија

Отворената енциклопедија е најголемиот ресурс на знаење во историјата на светот и е бесплатно достапен на секого, насекаде. Тоа што луѓето го бараат тука како информација, кажува многу за тоа кои биле темите што доминирале во јавниот дискурс (во случајов на англиски јазик).

Фјодоровска треска: како Достоевски стана сензација на ТикТок

„Бели ноќи“, новелата на рускиот автор од 1848, не звучи како веројатен кандидат да стане популарна на социјалните мрежи. Но приказната за осамениот наратор среде суровоста на руската зима некако стана вирална. 

„Извинете, ве измамив“ - британскиот политичар кој беше фатен дека ја лажирал сопствената смрт

Кога облеката на Џон Стоунхаус била најдена крај Мајами бич на 20 ноември 1974, многумина претпоставиле дека британскиот парламентарец се удавил пливајќи. До моментот кога на Божик истата година се појавил жив и здрав во Австралија. Ова е необична приказна за човек кој умрел два пати, вториот пат навистина.

Ниту една од овие книги не постои. А што ако беше поинаку?

„Замислени книги: загубени, недовршени и фиктивни дела“ е нова изложба на повеќе од 100 текстови напишани или измислени од автори како Шекспир, Бајрон и Хемингвеј.

На најдобро продаваниот пијано албум на сите времиња инструментот е - расипан

Пред речиси 50 години, тогаш младиот пијанист Кит Џерет пристигнал во западно-германскиот град Келн. Тукушто минал 800 километри со старо Рено 4 од Швајцарија, каде имал концерт претходниот ден. Немал јадено бидејќи во ресторанот му ја згрешиле нарачката, а настапот бил закажан во 11:30 вечерта. Врв на сè - клавирот не бил тој што го побарал, плус бил расипан. Ама...

Најпознатиот фалсификатор на 20 век, кој му продаде лажна слика на Геринг

Се викал Хенрикус Антониус „Хан“ ван Мегерен и како индивидуален уметник не бил многу фален од сонародниците. Иронично, но неговиот сјаен талент за копирање на големите мајстори му донела слава по нацистичката окупација на родната Холандија.

Јапонски симбол на 2024: пари

Канџито 金, кое означува злато или пари, е победник на онлајн гласањето за збор/симбол на годината што полека изминува. Изгледа дека Јапонците барем последниве две години се опседнати со економијата, бидејќи лани симболот беше - данок.

Како „вибрациите“ ги заменија фактите

Од просветителството наваму, фактите беа кул едно 250 години. Но како нивното време да истекува, бидејќи денес е поважно што чувствуваш, или што би се рекло, каков „вајб“ инстинктивно насетуваш.

Нешта кои ги научив(ме) во 2024

Обично годините кои се зад нас ги оценуваме како добри или не толку добри во зависност од личните или глобалните околности - војни, пари, здравје. Но кога би ги проценувале во однос на тоа што сме научиле, нештата би можеле да бидат поинтересни и да мотивираат списокот следната да биде уште поголем.