„Опак“, бенд од градот Петерборо во Британија, издаде 200 примероци од својот нов албум под наслов „Од почеток до крај“. И ова можеби не би била кој знае каква вест, да не смислиле една добра финта - самата корица претставува друштвена игра, со интерактивни кју-ар кодови, скриени траки и интервјуа.
За да успее во својата намера, бендот собрал 3000 фунти преку онлајн кампања. Играта има 75 полиња кои претставуваат 75 години од животот. Целта е не да се биде прв на финишот, туку да се соберат колку што е можно повеќе поени на среќа по пат, пред на крајот да се фрли коцката и да се види како ќе се умре. Фино.
Петчлената „инди алтернативна свинг“ група со овој албум одбележува 25 години постоење. И покрај овој долг период на сцената, тие зад себе немаат дискографска куќа или спонзори, па оттаму за овој проект се потпреле на фановите.
Eве ја и носечката песна: