
Том Витвел, коментатор на сајтот Медиум, објави список од 52 нешта кои ги научил во 2024. Преку него ги научивме и ние. Помеѓу нив има и некои навистина интересни, што од „општа култура“, што специфични за подрачја за кои генерално немаме поим.
1. За да ја намали праксата на одбегнување данок, Јужна Кореа воведе грди неонско зелени регистрации за службени автомобили, чија вредност надминува 58.000 долари. По ова, продажбата на луксузни автомобили опадна за 27%.
2. Филмските студија сега додаваат компјутерски генерирани ефекти на снимките од зад сцената, за да скријат колку многу вакви ефекти всушност се користени за да се направи филмот.
3. Касио продава премиум калкулатор за на маса наречен S100X-BK. Има сосема исти функции како и обичен калкулатор, но овој е рачно направен во Јапонија, од мелен алуминиум. Чини околу 432 евра.
4. Лондонската подземна железница има посебен вид комарец, Culex pipiens f. Molestus, генетски различен од комарците над земјата, кој постои од 1940-тите.
5. Лекот Оземпик е модифицирана, синтетичка верзија на протеин откриен во отровната плунка на отровниот брадавичар (gila monster), голем гуштер карактеристичен за САД.
6. Градот Меделин во Колумбија ја намали урбаната температура за 2 степени Целзиусови во три години, само со садење дрвја.
7. Во Кина постојат регистри на недвижнини опседнати од духови. За нивно купување се добива 30% попуст.
8. По еден век заложби, Египет сега е официјално чист од маларија, болеста што го убила Тутанкамон.
9. Во Аватар робот кафе во Токио работат роботи-келнери кои се контролирани на далечина од вработени со хендикеп, од нивните домови.
10. Таблоид е програмски јазик базиран на „кликбејт“ наслови - секој програм мора на крајот да има реченица ВЕ МОЛИМЕ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК И ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ.
11. Во Монголија, луѓето имаат рејв забави јавајќи на коњи.
12. Пливањето до работа (низ река) станува популарно во Берн и Базел, Швајцарија.
13. Милиони бесплатни точаци им се дадени на деца во рурална Индија. Ова го удвоил бројот на девојчиња кои сега со точак одат на школо, и го зголемило процентот на генерално присуство на часови.
14. Фотографиите од спортски настани во 1960-1970-тите имаат сина измаглина во позадината која ја нема на модерните фотографии. Тоа е затоа што сите пушеле во арената.
15. Измислена е ракета аутофаг, која ја користи сопствената пластика како гориво.
16. Во 1800, 1 од 3 луѓе на Земјата биле Кинези. Денес, помалку од 1 на 5.
17. Во нашите кујнски плочки може да има делови од тела на неандерталци.
18. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, најмил тим професионални џепароши за да им крадат телефони и новчаници на играчите во тек на вечера. Ова требало да ги научи да бидат подготвени и на штрек во секое време.
19. Во 2020-тите над 16% од филмовите имаат додаток во насловот (како Спајдермен: враќање дома), што е пораст за 300% во однос на 1990-тите.
20. Во 2024, 10% од бруто домашниот производ на Ангила (британска прекуморска територија во Карибите) била од нејзиниот интернет домен .аi.
Уште нешта до 51 тука