Bookbox

Пред да ги напише своите најпознати романи и да стане еден од најконтроверзните гласови на бит-генерацијата, Вилијам С. Бероуз имал уште една опсесија - древната цивилизација на Маите. Според нови истражувања, писателот драстично ја преобликувал нивната култура за сопствени книжевни цели, но неговите приказни сепак биле вкоренети во академските сфаќања за оваа цивилизација што биле актуелни во времето кога студирал во Мексико. 

Збирка поезија, од која дел била начкрабана на ливчиња помеѓу достави на храна, му ја донесе на Ванг Џибинг една од најпрестижните книжевни награди во Кина. Неговата збирка „Низок лет“, инспирирана од секојдневните предизвици со кои се соочуваат неговите колеги, ја освои Наградата за книжевност „Лу Сун“ - именувана по писателот кој се смета за татко на модерната кинеска книжевност.

Како го гледав „Одисеја“ во грчко летно кино

Да се најдеш случајно во Солун на денот на премиерата на „Одисеја“ е како да си се нашол случајно во Њуjoрк на финалето на фудбалското првенство. Ако не си од најопседнатите, јасно ти е дека е нешто битно, но не и интензитетот на страстите што ги буди еден ваков настан од, во основа, забавен карактер. Сепак, атмосферата понесува, па ти доаѓа на проекцијата не само да купиш пуканки во специјална изработена „кофа“ во форма на Тројански коњ, туку и да си ставиш шлем на глава.

Геометријата како тајно оружје во фудбалот

Фудбалот најчесто се поврзува со брзина, техника и физичка подготвеност, но зад најдобрите акции често стои и нешто неочекувано – геометријата. Пред финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, аналитичарите посочуваат дека токму паметното распоредување на играчите и создавањето триаголници при додавањата може да биде една од клучните причини за успехот на шпанската репрезентација.

Бон-тон за одење во кино на почетоците на филмот

Во почетокот на 20 век, првите кина, особено таканаречените никелодеони, не биле само места за гледање филмови. Тие станале простор каде што луѓе од различен пол, општествена класа и потекло се собирале заедно, што претставувало голема промена во однос на строгите викторијански правила и предизвикувало различни реакции во тогашното општество.

Букбокс гледаше на Синедејс: „Месо“ (2024)

Убиство во село во кое има нелегална кланица. Звучи како одличен вовед во речиси исто толку добар филм - грчка семејна драма, во која еден од главните ликови е момче-работник од Албанија. 

Koму бе ти - мрзлив?

Некои луѓе се секогаш подготвени да направат повеќе од потребното, додека други е тешко да се натераат на каков било напор. Вториве често ги сметаме за мрзливи. Обично тоа го објаснуваме со карактер, околности, воспитување или вредности. Но истражувањата во невронауката и клиничките случаи покажуваат дека мотивацијата е длабоко поврзана со конкретни мозочни механизми. Кога овие системи ќе се нарушат, луѓето кои порано биле ангажирани, љубопитни и продуктивни можат одеднаш да станат рамнодушни и апатични. До тоа ни е!

Значи вака: дали во НУБ навистина нема книги?

Ретко сме мотивирани да пишеме текст што почнува со „значи вака“, затоа што ни е смачено од расправии и објаснувања, на која и да е тема. Ама ова видео од белосветски патник кој влегува во НУБ исто толку брзо колку што излегува, за експертски да заклучи дека таму има „само една соба“ со нула книги, нè раздразни вака посабајлечки. 

Афоризмот не е мртов!

Во светот на афоризмите најпознатите фрази веќе делуваат излитено, како „Една слика-илјада зборови“ или „Подобро да го научиш човек да лови отколку да му дадеш риба“. Но тие сепак не се само историски реликти. Луѓето и денес измислуваат нови, и иако тие не потекнуваат од Конфучие или од Емили Дикинсон (на кои често лажно им се припишуваат) знаат да звучат мудро и препознатливо. Тие се згодни затоа што често успеваат во неколку зборови да кажат нешто длабоко за современото човечко искуство. 

Кога металците врескаат за наука

Eкстремните метал вокалисти се како екстремни гимнастичари или акробати – на необичен начин ги користат мускулите, лигаментите и дишните патишта. Анализите покажале дека токму ова изобличување на вокалниот тракт им овозможува да ги создаваат звуците без да ги оштетуваат гласните жици. Ако професионални пејачи можат да ја „препрограмираат“ вокалната анатомија за да создадат звук без вибрација на жиците, тогаш и луѓе со одредени нарушувања би можеле да научат алтернативни начини за производство на глас.

Ајде нешто убаво: потценети причини да бидеме благодарни

Затоа што, дури и ако нема задгробен живот - што повеќето научно настроени луѓе го претпоставуваат - тоа не е идеално, но е далеку подобро од алтернативи, како на пример вечно мачење.

Букбокс гледанка: „Блу мун“ - филм за заборавениот бродвејски гениј

Овој текст може да почне во стилот на првите сцени од филмот „Амадеус“, кога Салиери на свештеникот кој е дојден за исповед му свири делови од свои композиции. Овој не ги препознава. Но кога ќе му ја засвири „Мала ноќна музика“, свештеникот веднаш почнува да ја м'мка мелодијата, иако не го знае нејзиниот автор. Во сличен клуч, ако некој ви ги спомне My Funny Valentine, The Lady Is a Tramp или Blue Moon, треба да сте растени под камен за да не сте слушнале ниедна од нивните илјадници верзии. Па сепак, ретко кој знае кој е автор на нивните стихови. 

Човекот кој сакал да направи шимпанзо-човек за потребите на СССР

Неговото име е како од расказ на Чехов. Но дури ни овој славен автор не би можел да смисли ваков заплет - дека еден научник, спонзориран од советската држава, ќе оплодува шимпанза со човечка сперма и ќе биде многу упорен да го стори и обратното. Сето тоа за да создаде нов тип човек, кој би бил посилен и поиздржлив од просечниот хомо сапиенс, а и да ја докаже на дело Дарвиновата претпоставка за поврзаноста на луѓето и мајмуните. 

Toм Стопард бил тивок холивудски „доктор за сценарија“

На 29 ноември замина еден од најдобрите драмски автори во светски рамки, кој за Македонија велеше дека ја чувствува како дома. Oсвен за театар, пишуваше за филмови, меѓу кои и сценарија наградени со највисоките признанија. Но има и такви за кои давал совети, но никогаш не ги потпишувал - дури и заборавал дека некогаш работел на нив. 

Живееме во воспалено време

Денес на речиси секоја лекарска контрола ќе го слушнете зборот „воспаление“, како некаква збунувачка појава што се провлекува во позадина, иако не е главната дијагноза. Секакви хронични состојби можат да се подведат под оваа одредница, а уште помистериозно станува ако на оваа не-дијагноза се додаде и „неспецифично“. Дали ова треба да се лекува или не? Опасно ли е или се живее со него? Изгледа дека живееме во доба на воспаленија. 

Ако не си од ЕУ за да влезеш во Лувр ќе плаќаш повеќе

Не знаеме по која логика, ама посетата на славниот париски музеј ќе стане поскапа само за оние кои не се во ЕУ и со тие пари ќе се реновираат оние простории кои одамна не виделе четка, како и застарените безбедносни системи. Со други зборови САД, Британија, Кина и дел од Балканот не се баш добредојдени во Лувр за да не прават гужва, а ако веќе дојдат тогаш таа ексклузивна можност ќе треба и повеќе да ја платат. 

Човекот што дизајнира витешки оклопи за - глувци

Ковачниците за панцири постоеле уште во Средниот век – оклопот служел за заштита во битка, но со текот на времето станал и уметност. Денес, еден современ уметник ја продолжува оваа традиција, но наместо оклопи за луѓе, тој изработува минијатурни оклопчиња за глодари. И ова има и симболичко значење, на заштита на она што е мало и ранливо.

Aртур Конан Дојл преку приказните за Шерлок Холмс го истражувал машкото ментално здравје

Артур Конан Дојл не бил само голем писател на криминалистички приказни, туку и прогресивен автор кој се осмелувал да отвора тешки и табу теми. Една од тие теми била машката ранливост и менталното здравје – нешто што за него имало и лично значење.

Скриената историја на жените-дизајнерки на едукативни друштвени игри

Во раниот 19 век едукативните игри станале многу популарни. Во романот „Вејверли“ од 1814, Волтер Скот забележува дека историјата и математиката веќе се претвораат во игри со карти и загатки – одраз на новиот тренд на образовни карти, коцки и друштвени игри што се развиле уште од крајот на 18 век, делумно под влијание на идеите за образованието на децата на Џон Лок. Особено предничеле музичките игри создавани од жени. 

Џексон Полок сликал како што тоа го прави дете

Полок е познат по тоа што фрлал, истурал и распрскувал боја по платна поставени на подот, создавајќи хаотични, но впечатливи композиции. Научниците одамна се обидуваат да ги дефинираат закономерностите што стојат зад тие модели – меѓу другото и за полесно да се разликуваат оригинали од фалсификати. Но најнова студија фрла светлина и врз еден друг феномен, кој ги споредува начините на сликање на деца и возрасни токму преку делата на Полок.

„Синхроницитети“, или која е твојата приказна?

Кога на астал ќе седнат три „н'рда“ за читање и пишување, брзопотезно ќе го џапнат греаното вино и кашкавалчињата (со урми и ореви) и едната од нив ќе праша - „А што е ова на полицата?“, тогаш може да се случи необичен синхроницитет. Во паралелниот свет на таканаречената фикција таа (фикцијата) да добие породилни болки и од неа да почнат да излегуваат мали „фиктивчиња“, до тогаш делумно формирани во потсвеста, кои едвај чекале да се родат. Мезето всушност било за нив.

„Сите го мразеа Варуфакис“ - излегоа мемоарите на поранешниот грчки премиер Ципрас

Во „Итака“ Ципрас ги опишува клучните моменти од својата политичка кариера, особено драматичните настани од кризата во еврозоната во 2015 година. На повеќе места ја брани сопствената политика, но и остро ги критикува личности со кои некогаш блиску соработувал. Зборува и за Преспанскиот договор, кој го оценува како „херојски чин“.

„Потпоручник Зјумбумбунчиков“ - блесавата страна на Чехов

Антон Чехов е еден од најпознатите писатели на сите времиња, за кого би се рекло дека не може да се открие нешто ново. Но нова збирка на приказни и хуморески објавена англиски јазик го прикажува во поинакво, неочекувано комично светло. 

Нов ефикасен и евтин змиски противотров е добиен од - лами

Годишно, од убоди на најотровните африкански змии умираат или остануваат со трајни инвалиди илјадници луѓе. Овие бројки наложуваат изнаоѓање на поефикасен, поевтин и подостапен синтетички противотров. Еден таков, според нова студија, може да биде добиен од лами и алпаки. 

Нова книга за славниот биолог Френсис Крик: бил мераклија по жени и експериментирал со дроги

Новата биографска книга од Метју Коб нуди редок и живописен поглед врз животот на прочуениот биолог Френсис Крик. Повод за нејзиното објавување е и смртта на неговиот долгогодишен соработник Џејмс Вотсон, со кого во 1953 година ја открија структурата на ДНК – двојната спирала, најзначајното биолошко откритие на 20-тиот век.

Букбокс гледанка: „Загубениот Леонардо“ (документарен, 2021)

Документарец кој повеќе од 15 години подоцна ја обновува контроверзaта околу најскапата слика на светот – „Салватор Мунди“, продадена за 450 милиони долари, припишана на Леонардо да Винчи. Кога првпат беше откриена, таа предизвика огромен интерес, но веднаш се појавија сомнежи дека не е оригинал. Овој филм ја следи нејзината чудна историја која де наликува на час по историја на уметност, де на трилер кој вклучува видни фигури од светот на финансиите и политиката.

Што е „јас“ и кој го измислил?

Ако се сеќавате на „Животот на Брајан“ на Монти Пајтон, има една сцена во која Брајан се обраќа на толпа во Ерусалим, која верува дека тој е Исус. „Грешка сте“, ги убедува тој. „Не треба да ме следите. Не треба да следите никого. Треба да размислувате со своја глава. Сите вие имате свое јас!“. Толпата му враќа во еден глас - „Дааа, сите имаме свое јас!“. Ова е парадокс кој совршено ја илустрира тешкотијата да се напише историја на „себството“ - она по кое некој се разликува од сите други. 

Сакаме ваков: сте слушнале за театарски натпревар кој се одржува во сауна?

Аквагардeнс, спа-центарот покрај Верона, обично е место на тишина и релаксација: топли извори, мирни базени, сауни и дури и снежна одаја за ладење. Но оваа есен, една недела таму владее сосема поинаква атмосфера — истата сауна која обично е оаза на мир сега трепери под басови од електронска музика и е преполна со над 200 голи луѓе кои се туркаат да влезат на шоуто „Ауфгус ВМ“ (Aufguss WM), светското првенство во сауна-театар.

Запознајте се со 19-те мачки на Марк Твен

Иако неговите книжевни дела се предмет на бесконечни критички анализи, една работа е многу едноставна: Марк Твен ги сакал мачките многу повеќе од луѓето и тоа го искажувал отворено. Една од неговите познати духовити забелешки е дека кога човекот би можел да се „вкрсти“ со мачка, тоа би го подобрило човекот - но би ја расипало мачката.