Последниот предизвик на вештачката интелигенција - хуморот?

Смислата за хумор е тежок тест за ВИ. Нашите апарати нема вистински да бидат „паметни“ додека не научат како да нè насмеат. 

Ако на ваков ден како денешниот 1 април, дождлив, маглив и мрачен, го прашате вашиот дигитален асистент какво е времето надвор, а тој ви одговори дека во Бејрут времето е прекрасно со температура од 30 степени, дали тој ве зафркава или просто греши? 

Ова му се случило на потписник на статија на оваа тема во Аеон, компјутерски инженер, кого меѓу другото го интересираат алгоритамските функции поврзани со смешното и хуморот.

Иако обично се грижиме што нашите апарати (и компаниите зад нив) знаат премногу за нас, колку би било супер ако тие нè познаваат доволно за да го делат нашиот смисол за хумор? Се уште има многу повеќе мини отколку цвеќиња на патот до вистински луцидни машини, бидејќи дури и обична зафрканција претпоставува комплесна мрежа на одлуки и богато претходно знаење за луѓето и светот. Сепак, нашите апарати нема да го заслужат епитетот „умни“ додека не научат доволно за да можат да се шегуваат. 

Засега, технологијата поттикнува широк опсег емотивни реакции, но шеговитата радост сигурно е една од најретките. Не е изнанедувачки тоа што оваа „фенси“ идеа, да им се даде на машините вистинско чувство за хумор, рангира многу ниско на листите на желби поврзани со технологијата. Сепак, машинскиот хумор не е тема за потсмев. 

Најпрвин, еден ваков компјутациски модел бара да ги ставиме сите наши карти на масата. Иако и до сега, човечкиот хумор во голема мерка се потпира на рецепти (алгоритми), сепак и покрај сите совети од големите комичари нема рецепт кој функционира во сите ситуации. Потребен е „икс“ фактор кој може да го има само поединечен, талентиран и вешт изведувач. Оттаму технологијата која би имала смисол за хумор не би се потпирала на вакви совети, туку таа би требало да разбере што НАМ ни е смешно. 

Шегите нè изненадуваат покажувајќи ни нешто што веќе го знаеме, но од свеж агол. Така, чувството на смешно е тежок тест за тоа колку знае ВИ и колку добро, односно колку флексибилно го користи тоа. Бидејќи шегите ги акцентираат ограничувањата на конвенционалното мислење, ВИ истражувачите го проучуваат хуморот за на нашите машини да им пресликаат исто толкава толерација за когнитивна несовмесност (што предизвикува чудење), но истовремено да вградат во смешното и социјална свест, и тоа за повеќе култури (бидејќи хуморот често зависи од културолошкиот контекст).

Дополнителна компликација се метафорите, аналогијата, иронијата и другите типови на стилски фигури и креативен јазик. Често имаме проблем да детектираме сарказам дури и кога доаѓа од некој што добро го познаваме, а не па од машина...

Значи, за да научи како мислиме, машината прво треба да моделира како говориме. И после тоа, сето тоа шеговито да го преврти на глава. Дел од комичната привлечност на Борат, на пример, е што ги отфрла сите статистички норми за тоа како зборуваме и се однесуваме за да презентира пријателски настроена но сепак откачена и туѓа персона. 

Колку е веројатно дека машините ќе станат стендап комичари? Роботите веќе можат да играат ваква улога, ама само ако им дадеме претходно сценарио. Но дали сакаме тие, и воопшто сета ВИ да ни бидат и смешни? Што ќе ни остане па нам тогаш?

Кога го замоливме ЧетЏипити да ни каже ДОБАР виц, еве што извади, сосе смајлито на крај:

ChatGPT said:
Еве еден:

🔹 Докторот му вели на пациентот:
– Имам две вести за вас, една добра и една лоша.

🔹 Пациентот:
– Почни со лошата…

🔹 Докторот:
– Имате амнезија.

🔹 Пациентот:
– А добрата?

🔹 Докторот:
– Утре ќе бидете како нов! 😆

1 април 2025 - 11:29