
Следната сезона во палатата Гарние во Париз Ралф Фајнс ќе го има своето режисерско деби кога е во прашање операта, со поставување на „Евгениј Онегин“ на Чајковски.
Диригент на повеќето изведби ќе биде Семјон Бучков, а новата продукција ќе биде на сцена од 26 јануари до 27 февруари.
Сумирајќи ја приказната Фајнс изјавил дека таа е за „љубовна врска која не функционира“. Операта, базирана на оригиналниот роман на Александар Пушкин, комбинирана со драматично интензивната музика на Чајковски, го следи младиот Онегин кој брутално ја одбива срамежливата Татјана, откако таа му пишува страсно писмо. На ова тој одговара со строга лекција за моралност. Но години подоцна, тој се заљубува во жена која е сопруга на принцот Гремин.
Фајнс има претходна врска со приказната, бидејќи играше во насловната улога во филмот „Онегин“ (1999) режиран од својата сестра. „Фигурата на меланхоличен маж, отуѓен од светот, е често во руската литература. Но оваа состојба на човечката душа е апсолутно универзална“ - вели Фајнс.
Што се однесува до неговата љубов кон класичната музика, тој во интервју за радиото Класик фм има изјавено дека често го пушта Бах, затоа што неговата форма е дисциплинирана и многу прецизна. Истото го сфатил и за балетот, додека во 2018 го подготвувал „Белата врана“, во кој игра една од улогите и истовремено се јавува како режисер. Филмот е приказна за младиот Рудолф Нуреев, каде Фајнс го игра Александар Пушкин, но не поетот туку кореографот со истото име.