
ИТРЕЦ
Го прашувам: На чија страна си?
А тој: Постои ли друга страна?
Си ја лизна долната усна како
човек искусен во затскривањата.
Постои страна и настрана, му велам.
Јас ја отворив вратата, вели тој,
но таму немаше никој.
Димитар Башевски
(од најновата збирка „Црно на црвено“, Слово, 2025)