
„Кучето ми ја изеде домашната“ е еден од многуте провидни изговори што ги имаа оние што како мали чувале куче. Ама во случајот со американскиот писател Џон Стајнбек, добитник на Нобел во 1962, ова било жива вистина.
„Домашната работа“ всушност бил ракописот за „Глувци и луѓе“, негова новела од 1937, за пријателство на двајца мажи на ранч во Калифорнија, од кои еден е со ментални пречки. Книгата е излезена во 1937, а на 27 мај 1936, Штајнбек напишал:
„Се случи мала трагедија. Мојот мал сетер, оставен сам една вечер, направи конфети од околу половина од мојата книга во ракопис. Два месеци работа за сето тоа да се пренапише. Ме врати назад. Немаше друга копија. Бев многу лут, но сиротото суштество можеби дејствувало критички. Не сакав да упропастам добро куче за ракопис за којшто не сум сигурен дека беше добар. Доби само обично поттепнување. Сигурен сум дека Тоби не знаел што прави - го промовирав за поручник одговорен за книжевност.“
А можеби Тоби уште тогаш насетувал дека неговиот сопственик ќе напише патепис, ама за друго свое куче, пудла по име Чарли („Патувања со Чарли во потрага по Америка“), па ова го сторил од завист.