Живот и забава

Без Кина, Американците ја горат својата рециклажа

Еко освестените Американци, сакајќи да го прават тоа што е добро, по навика и регуларно го одвојуваат отпадот за да оди на рециклажа, притоа не мислејќи баш многу каде тоа завршува. Завршуваше во Кина, ама до пред некое време. Сега им го горат, по дома.

Планетава е разочарана од тебе затоа што не мочаш под туш

Секој пат кога туширањето себично ќе го искористиш само за туширање пропушташ можност да и помогнеш на планетата Земја и да и заштедиш вода. За тие што не пропуштаат, планетата се гордее со вас.

Колку чини твоето евтино селфи со тигар?

Неуникатноста на фотките со тигри или лавови оди до таму што Тиндер во 2017 има проблем со преголемиот број корисници кои имаа ставено слика со некоја голема мачка, ситуација до која нема да се дојде кога кој било од тие корисници би требал да прави вакво селфи во природната средина на овие животни.

Зошто Хелсинки го корне асфалтот низ град?

Возење во центар на град во 21-от век е како пушење цигари во 20-от век. Сега знаеме дека не е здраво, некогаш не сме знаеле, ама сега знаеме, на кратко објаснува архитектот од движењето кое за малку не ги отстрани сите поголеми булевари низ главниот град на Финска.

Сериозен пораз за природната селекција

Холандски производител на путер од кикирики мораше да повлече цела серија од еден свој бренд од супермаркетите во Британија затоа што на теглите немало предупредување дека путерот од кикирики може да предизвика алергија на кикирики.

Нешто да те питам тато

Родителите цел живот им обесуваат на своите деца да ги чуваат работите, да штедат, да создаваат некаков капитал. И после сè, сето тоа да им го уништиш? Не поминува тоа без судски процес.

Црвенкапа укината заради ширење сексизам

Државно училиште во Барселона прави чистка во својата библиотека на книги кои „континуирано повторуваат токсични родови стереотипи“. На пример книги како Црвенкапа.

Кажете драгичка: по светов се шири кандида која е отпорна на сè

Габата се вика Кандида аурис, се има појавено на неколку континенти, смртоносна е и отпорна на сè што човекот досега има смислено на таа тема. Толку агресивно се шири, што онаму кај што луѓе умреле од неа, морале да се рушат ѕидови и тавани за да биде уништена.

Како РТ го сними единственото видео од апсењето на Асанж

Асанж со месеци не беше виден во јавност, од недела на недела односите меѓу него и домаќините се влошуваа, минатата недела Викиликс дури и алармираше дека за „часови или денови“ Асанж ќе биде избркан на улица, и сепак ниту еден британски или светски медиум не успеа да направи снимка од апсењето на Асанж сред Лондон. Освен Руптли на РТ.

Непал ќе го премерува Еверест да не нешто е смален

Земјотресот од април 2015 што го разниша Непал заврши со над 2.000 загинати, неброена штета, но и разместена геологија во регионот, опфаќајќи ги и Хималаите.

Веге дискови за вас прекрасни вегани

Во време на изникнување на секакви идентитетски прашања низ светот, европските парламентарци одлучија да воведат ред и јасно да направат разлика што е месо, а што е трева, барем кај суровините за скара.

Јапонскиот бизнис со цветањето на црешите

Годинава се проценува дека во Јапонија, што туристи, што локалци, околу 63 милиони луѓе биле или ќе одат да го гледаат цветањето на црешите, број на луѓе и настан што ќе донесе околу 2,7 милијарди долари.

Зошто епидемијата на зависност е многу америчка работа

Ретко која земја има толку успешен брак меѓу капитализмот и медицината. Уште поретки се земјите во кои можело да се наиде на рекламирање хероин за деца.  

Не се само македонските внатрешни органи наопаку

Група студенти по медицина конечно добиваат кадавер за да можат во реалност да ја запознаат човечката анатомија која ја учеле само од учебник. Само што, она што го добиваат, го нема во учебник.

Градот убав пак ќе пливне

Како да се спасат урбани заедници од загрижувачкиот пораст на нивото на океаните и морињата? Стави го градот да плива на површина па тоа водата нека се качува колку што сака.

Идентични близнаци, идентична алиментација

Бидејќи двјца идентични браќа од Бразил не сакаат да кажат, или пак не знаат кој е таткото, а тоа не може да се докаже ни со ДНК тест, судија решил и двајцата да одвојуваат од плата за растење на бебето.

Зошто највисокиот облакодер во Европа ќе се гради на село?

Наместо прописно да ја натискаат во Копенхаген (сигурно имаат некој паркинг во центарот) кулата што ќе биде висока 320 метри, за 10 метри повисока од сегашниот европски облакодер рекордер во Лондон, ќе биде изградена отпат сред данска пустелија.

ИКЕА почна да изнајмува мебел

Нешто како мобилен на договор, со тоа што по истекот на одредено време постојниот мебел што неколку години си го јавал по дома, го заменуваш за друг.

Пола од парите во музиката доаѓаат од стриминг

Бројот на претплатите за стриминг музика во 2018 се зголемува за речиси 33%, со што индустријата ги достигнува баснословните бројки од 2007-ма.

Американското министерство за правда се вмеша во исправањето неправди околу Оскарите

Откако маката што филмаџиите ја имаат со стриминг сервисите како Нетфликс стигна до таму богот на Холивуд, Спилберг, да проговори околу тоа, сега и американските власти излегоа со свое гледиште на целата работа.

Децата на Кашоги секој месец добиваат рушвет за да не галамат

Освен пари, на четирите деца на убиениот новинар им се дадени и куќи од саудиските власти за да се осигура дека тие „ќе продолжат да покажуваат воздржаност во нивните изјави во јавноста“.

Колапсот на наративот за заговор

Откако успеаа да и ја продадат на Америка заговорничката и привлечна идеја дека првиот човек во Белата куќа е компромитиран странски агент, сега доаѓа моментот кога медиумите треба да се проверат самите себе, порачува Ал Џезира во репортажата околу извештајот на Милер и американските меинстрим медиуми.

Песната од Скрилекс која ги ремети комарците

Со оглед на минатогодишното искуство со (не)прскањето против комарци во Скопје, време е да се наоружуваме со корисни информации. Кога се научни, уште подобро.

Колку треба да сакаш да се разведеш, кога знаеш дека на бившата ќe треба да и оставиш 600 милиони долари?

Рускиот милијардер Фархад Ахмедов успеа да ја спаси својата јахта од запленување, што и не му менува нешто многу на долг рок бидејќи и понатаму му стои долгот од 600 милиони долари по основа развод.