Денешното јаболко е 38% послабо од некогашното

Ако некогаш важеше „Аn apple a day keeps the doctor away“, според нутритивната вредност на денешното јаболко, дозата би требало да е јаболко ипол.

Постои истражување по кое овошјето и зеленчукот од почетокот на овој век содржат 38% помалку витамини и минерали во споредба со оние од 1950 година.

Со други зборови, ако јадете иста количини емиш и зарзават во овој век, добивате само 62% од хранливите материи кои таа количина би ви ги дала на половината на минатиот век.

И други студии со слични статистики го потврдуваат падот на хранливата вредност на овошјето и зеленчукот.

Одговорот на прашањето на што се должи овој значаен пад во хранливата вредност на она што го јадеме лежи во капитализмот и земјоделските практики. 

„Заради доминантните практики на корпоративното земјоделство, на денешното овошје и зеленчук му недостасуваат битни минерали. Бидејќи пестицидите ја исцедуваат земјата од минерали, овоштарите мора да ѝ враќаат минерали назад, но тоа се прави само со три главни минерали - азот, фосфор и калиум. Но, на земјата не ѝ се враќаат таканаречените микро-минерали кои се од суштинско значење за функционирањето на нашиот имунолошки систем“, сумира книгата "Radical Remission" на Кели Тарнер, фокусирана на случаи на луѓе кои преживеале рак на неконвенционални начини, меѓу другото и со промена на исхраната.

1 октомври 2020 - 20:55