Наместо тоа, многу држави од јужната полутопка забележаа рекордно ниски нивоа на грип или пак тој воопшто не се појавил во нивните овогодишни ладни месеци. Нов Зеланд, на пример, нема регистрирано ниту еден случај на сезонска инфлуенца откако во јуни почнаа со системски скрининзи; лани 57% од собраните примероци биле позитивни на тој вирус.
Последен случај на инфлуенца во големите болници во Окленд бил забележан во април.
„Чудесно е. Нема ништо. Никаква инфлуенца,“ вели професор по јавно здравје од Велингтон.
Стапките на ковид-19 на Нов Зеланд се меѓу најниските во светот но дури и зафатени со пандемија, земјата помина рекордно здрави ладни месеци.
„Нашиот дополнителен сезонски пик на смртност едноставно исчезна,“ вели професорот Мајкл Бејкер.
Нивниот тракинг систем за мониторирање на 30.000 луѓе на симптоми на инфлуенца покажал дека само 0,3% луѓе имале кашлица или треска за време ни нивната зима, што е десетпати помалку од некои претходни години.
Во Австралија од грип годинава починале само 40 луѓе; лани од истата причина умреле 950 луѓе.
И други држави од јужната хемисфера покажуваат слични трендови, сезонскиот грип да се повлекува во случаи кога ковид доминира „на пазарот.“
Додуша, слична е ситуацијата и меѓу грипот и обичните настинки (риновирусот) за што лани пишувавме во статијата „Настинете си ко човек, за да не фатите грип“.
Како што лавовите и хиените се борат за истата храна и за истите ресурси, така и вирусите се натпреваруваат за ресурсите во нашиот респираторен тракт “ објаснува доктор Сема Никбакш.
Засега е нејасно дали конкурентните вируси меѓусебно се требат во битката за нашето тело или пак можеби нашиот имунолошки систем не дозволува да биде победен со 2:0.