Иконската круна е дел од последната фотосесија на Ноториус Б.И.Г. во 1997 пред да биде застрелан. Сотебис успеа круната да ја продаде за речиси 600.000 евра. Цената на круната пред да биде ставена на главата на Биги била 6 долари.
Круната на Биги во 1997 ја купува фотографот од Бруклин, Барон Клеиборн, за фото-сесијата за која не се сеќава ни дали воопшто некогаш му било платено.
На фотосесијата присуствувал и Паф Деди, во тоа време сопственик на музичката компанија за која има потпишано Биги. Паф бил против идејата Биги да носи круна затоа што „личел на Бургер кинг“.
Ноториус Б.И.Г. е убиен на 9 март 1997. Неговото убиство се уште не е разрешено.
На аукцијата меѓу друго биле понудени и средношколските љубовни писма на Тупак, „Rammellzee“ синглот на Баскијат, јакните на Салт-Н-Пепа од „Push it“ спотот, постер од Бисти бојс од концертот за Licensed to Ill.