За семејствата на жртвите, како и за здравствените професионалци, главната вина за ова паѓа на шведската влада и нејзината одлука старите пациенти да не ги прима во болница.
„Докторите ми рекоа дека ги следат протоколите за стари лица, а бидејќи вујко ми беше стар и слаб на него не му следува болничка нега,“ објаснува Џулијана Џихем, чиј 72-годичен чичко умира само четири дена откако е дијагностициран со ковид-19.
Здравствените професионалци, па дури и владата, по првите неколку месеци од пандемијата и одлуки од кои се стигна до 5.800 смртни случаи од ковид-19, призна дека не направила доволно за да ја заштити старата популација.
„Не се ни обидоа да им ги спасат животите.
Беа преплашени дека одделите за интензивна нега ќе бидат преплавени и дека нема да можат да ги примат младите пациенти.
И затоа селектираа пациенти, и според мене премногу сурово ги селектираа,“ изјавува професорот по вирологија на Каролинска институтот, Андрес Валне.