Заклучиле дека меѓу децата немало поголеми разлики во заразеноста, што значи дека училиштата во текот на пандемијата можат да останат отворени.
„Индикативни податоци покажуваат дека нема разлика во вкупната зачестеност на лабораториски потврдени случаи на ковид-19 меѓу децата од 1 до 19 години во двете држави; следењето на контактите во основните школи во Финска не пронајде речиси никакви докази дека децата пренесуваат зараза на други. Дополнително, според шведската споредба на случаите во градинките и вработените во основните училишра, нема зголем ризик за наставниците, во споредва со ризиците во други професии“
Во скандинавските земји, децата сега одат во школо и следат настава без маски.
Ова не е прво истражување на влијанието на училиштата на ширењето на коронавирусот. Француска студија исто така утврди дека децата не пренесуваат ковид-19 на своите врсници или на наставниците. Утврдено е и дека заразените деца покажуваат помалку и поблаги симптоми на болеста од возрасните. Се разбира, со должна напомена дека се потребни дополнителни истражувања за да се донесат конечни заклучоци.