Дмитри Рогозин порача дека Русија сака да испрати сопствена мисија на Венера, како дополнување на веќе предложената заедничка мисија со САД под името „Венера-Д“.
„Ние ја сметаме Венера за руска планета, па не би требало многу да заостануваме.
СССР беше првата и единствена држава што некогаш има слетано вселенско летало на Венера,“ изјавил Рогозин.
Маринер 2 на НАСА е првото вселенско летало што минало покрај Венера во 1962 и по пат ја мери и екстремната температура на втората планета од сонцето. СССР лансира неколку „Венера“ летала, и во 1970 „Венера 7“ станува првото вселенско летало што успешно слетува на планетата, по што во рок од неколку секунди се топи од преголемата топлина.
Нејзиниот наследник „Венера 9“ ги прави првите и единствени фотографии од Венера од тло.
Инаку Роскосмос пред некој ден на својот сајт објави:
„Огромниот јаз меѓу СССР и неговите конкуренти во истражувањето на Венера придонесе кон фактот САД да ја нарекува Венера ’советската планета’.“
Рогозин уште минатиот месец, пред воопшто да биде објавено инфото за знаци на живот, порача дека Венера е „поинтересна од Марс“ бидејќи истражувањето на оваа планета би им помогнало на научниците да откријат како да се справат со климатските промени на Земјата.