Пред две години Доктор Дре изгуби трејдмарк спор кога сакаше да сопре гинеколог да го користи името тврдејќи дека извесен Доктор Дреи со тоа се шлепа на неговиот бренд. Доктор Дреи му имаше вратено дека било какво асоцирање на работата на еден гинеколог со познатиот рапер може само да му штети на тој гинеколог со оглед на тоа како Дре ги третира жените. Американскиот центар за патенти и трговски марки застана на страната на докторот и ги отфрли обвинувањата против него.
Сега Др. Дре се соочува со нов случај во кој се тврди дека тој не го поседува тоа име.
Сопругата на Др.Дре, Никол Јанг, со која не живеат заедно неколку месеци, деновиве поднела тужба во која се тврди дека е ко-сопственик на името „Др. Дре“ и на неговиот нов албум The Chronic. Тие беа во брак повеќе од две децении, но според тужбата, тој на сила ја има избркано од дома на почетокот на април годинава а во меѓувреме има регистрирано нова компанија за да ја има целата контрола на вредните трговски марки и да го избегне нивното заедничко поседување, како што е според калифорниските закони.
Ќе биде тоа скап и жолчен развод бидејќи Никол веќе најави дека ќе бара алиментација од 2 милиона долара месечно и кога одби да му даде некои вредни работи кои останаа во нивната куќа во Малибу, порачувајќи му дека има пари да си купи нови.
А не дека нема пари. Годинава богатството на Др. Дре се проценува на 820 милиони долари.