Меѓународна група научници ги повикаа светските влади да ги изменат своите стратегии за коронавирус и да дозволат младите и здрави луѓе да се вратат на нормален живот додека истовремено ги заштитуваат најранливите.
На богатите држави им е потребно само да профункционира вакцината против ковид-19, за тие да почнат да се приближуваат на нормалата од пред пандемијата, смета Бил Гејтс.
Вирусите во официјалната наука важат за штетници кои единствено умеат да го цицаат животот од другите. Меѓутоа, во долгите милиони години развој на животот на оваа планета, ама баш никој ли ја нема видено прекрасната нутритивната прилика да го цица нивниот живот?
Ако ви побараат да направите избор меѓу две работи - две лица или двајца политичари - веројатно сте убедени дека добро ги знаете причините зошто сте одбрале А наместо Б. Но, дали е така? Шведски психолог мисли дека не е.
Без разлика кога и од кого ќе стане достапна вакцина против коронавирус Маск изјави дека не планира да ја искористи „бидејќи ниту тој, ниту неговото семејство немаат ризик од ковид“.
Не сите се во трка по вакцина за коронавирус. Некои веруваат дека можат да дојдат до ефикасен спреј за нос кој би ја сосекувал заразата уште на старт. Првите резултати им се охрабрувачки.
Испостувањето, не верско, туку она за дебели, кое периодов се шири бетер од пандемија благодарејќи на неодоливите ветувања (јадеш што и колку сакаш, ама само хх часови во денот), излезе дека и не им врши многу работа баш на дебелите.
Што ќе се случи во еден град ако на коронавирусот му се дозволи да прави што сака? Тоа му се случи на Манаус, главниот град на Амазонија, и сега тоа се разгледува како случај кој дава увид во тоа како би изгледало најлошото сценарио.
Една од најголемите предности што Шведска ја имаше кога влезе во својата битка со ковид-19 е што земјата е полна со Швеѓани, па стратегијата многу повеќе им се базираше на доброволна согласност отколку на присила.
Најголемата американска генетска студија на коронавирусот изведена во Хјустон покажува дека во вториот бран доминира мутација со многу потенцијално битни но една сигурно битна особина: дека тој сега полесно се шири. Тоа значи дека вирусот се снаоѓа со бариерите од типот носење маски и миење раце.
"При вработувањата кај нас, ќе ги признаваме овие сертификати како еквивалент на 4 годишно студирање," порачаа од Гугл а други компании сигурно ќе следат. Би прашале ние „Спиеш ли мирно, УКИМ,“ ама знаеме дека спие. Мирно.
Сатиричниот весник реши одново да ги објави карикатурите кои доведоа до вооружен масакар на неговата редакција. Истите овие што тогаш масакрираа најавија дека и тие ќе го репризираат својот дел. Сега над 100 француски медиуми потпишаа отворено писмо за поддршка на Ебдо.
На почетокот од пандемијата еден од столбовите на глобалниот хаос беше немањето доволно тестови, па само најтешките случаи беа тестирани за ковид-19. Минатата недела само Британија спроведе околу 1,3 милиони тестови, што е 20 пати повеќе отколку од почетокот на април.
Скандинавски научници спровеле истражувања за влијанието на отворените училишта во текот на епидемијата на коронавирусот на ширењето на вирусот меѓу деца. Го споредувале движењето на вирусот во Финска, која од март до мај ги затвори школите и се префрли на онлајн настава, со Шведска која цело време ги држеше школите отворени.
Познатиот рапер кој тежи близу една милијарда долари со соочува со скап развод од долгогодишната сопруга со која се имаат раздвоено по негова желба. Како за почеток, таа тврди дека половина од името Доктор Дре е нејзино.
Здравствените системи на државите од јужната хемисфера пред неколку месеци сериозно се подготвуваа за нивниот сезонски пик на инфлуенца, стравувајќи грипот и ковидот заедно, ќе ги напнат капацитетите и ќе ги преполнат болниците. До тоа никогаш не дојде.
Од ведро небо, само неколку дена по откривање на знаци на знаци на живот, првиот човек на руската вселенска агенција, Роскосмос, ја прогласи Венера за „руска планета“.
Бројот на случаи што се пријавуваат во Европа на неделно ниво се повисоки отколку првиот пик што пандемијата го имаше во март, предупредува Светската здравствена организација.
Венера секогаш му била втора виолина на Марс во очекувањата да најдеме живот во нашиот млечен комшилук. Но, откривањето на гас кој сугерира нешто живо таму, ги менува работите. Уште да смислиме што можеме да пратиме ние од нашава планета а што ќе може да ја издржи температурата (близу 500 целзиусови степени) и притисокот (речиси 90 пати поголем од овде) на таа планета.
Универзитети од Женева, меѓу кои и еден наш млад професор, утврдиле дека бројните изреки во кои се поврзани студот и коските (ладно до коска, студ во коски, да стоплиме коски...) не се само банална „поетска слобода“. На коските стварно им треба топло.
Речиси половина од жртвите од ковид-19 во Шведска се од старечките домови во земјата, што е неспоредливо повисоко отколку во која било друга држава на планетава, без разлика колку богата или сиромашна.