Статистички гледано, додека го читате ова, вирусот познат како Епстин-Бар е во вас. Тој е во 95 проценти од нас. Се шири преку плунката, можеби првпат сте го фатиле како бебе од вашата мајка, која пак го фатила како бебе од нејзината мајка. Или сте го фатиле во дневен престој. Или можеби од пријател со кој сте делеле пијачка. Или со онаа пијаната со која се лапавте таа студена ноемвриска ноќ.
Ако сте го фатиле вирусот во последното сценарио - како тинејџер или млад возрасен - тогаш Епстин-Бар вирусот можеби предизвикал само моно, или „болест на бакнувањето“, во која масивниот имунолошки одговор против патогенот предизвикува неколкунеделни болки во грлото, треска и исцрпувачки замор. Од недоволно познати причини, ЕБВ паѓа потешко колку подоцна ќе го добиете во животот. Ако за прв пат сте го фатиле вирусот како бебе или мало дете, како што е случај со повеќето луѓе, првичната инфекција најверојатно била блага, ако не и асимптоматска. Небитна и незабалежана.
На тој начин вирусот успеал да лета „под радарот“, и да го зарази сиот свет поради што на шега се вели дека ЕБВ значи „EveryBody Virus“. Откако ќе влезе во телото, се крие во клетките до крајот на живот, но се чини главно бениген.
Но.
Научници открија повеќе врски помеѓу вирусот и неколку видови рак: карциноми во клетките на грлото и желудникот, или пак кај белите крвни зрнца или лимфоцити.
Особено е интересна неговата манипулација на Б-клетките. Ако одредена Б клетка никогаш не го најде својот соодветен непријател, таа умира како дел од безмилосното уништување на бескорисните имунолошки клетки на телото. Меѓутоа, ако испадне корисна, Б-клетката се дели и се трансформира во мемориски Б-клетки, кои остануваат да штитат од инфекција до крајот на животот на една личност.
Генијалноста на ЕБВ е што се вклучува во овој нормален процес. Тој манипулира со инфицираните Б-клетки да „помислат“ дека се активирани, така што се претвораат во долготрајни мемориски Б-клетки каде што тој може да се крие со децении.
Сите херпес-вируси ја имаат оваа необична способност да станат латентни, иако се кријат во различни типови на клетки. Варичела зостерот, на пример, за таа намена ги користи нервните клетки.
Повремено, ЕБВ излегува од своето засолниште за да се реплицира колку што треба. Ако се реплицира премалку, нема да најде друг домаќин пред да се исклучи од имунолошкиот систем. Ако се реплицира премногу, ризикува да му наштети на сегашниот домаќин. Вирусот и нашиот имунолошки систем се во постојана рамнотежа, секој го држи под контрола оној другиот.
Има „елеганција со која овој вирус воспостави долгорочна врска со домаќинот“, вели Сумита Бадури-Мекинтош, виролог и доктор за заразни болести на Универзитетот во Флорида.
Кога оваа рамнотежа ќе се поремети, еден можен резултат е рак. Како дел од манипулацијата со заразените клетки, ЕБВ се чини дека го потиснува нивниот нормален процес на умирање. Ако клетката што одбива да умре има други непожелни својства, тогаш може да се добие рак како Буркитовиот лимфом.
ЕБВ не предизвикува рак кај сите што ги инфицира, само кај оние кои не биле доволно среќни што попат заработиле некој погрешен сет на други мутации.
Сепак, ово вирус и натаму останува енигматичен и можеби имаме срќа што е тоа така. Бидејќи каков станал светов, немаше да нè чуди да се донесат забрани мајките да ги бубнуваат своите бебиња и деца а оние кои го прават тоа да бидат шиканирани како назадни и неодговорни.