Ова е истиот автомобил што Хенкс го користи во филмот „Пост“ (за Вашингтон пост) од 2017. Конкретно се работи за Фиат 128 (италијанско производство) од 1975.
Возилото има нова боја, нова предна решетка и измени под хаубата со цел замена на моторот која никогаш не се случила. Колата е со две врати, кожни седишта (искинати), и се продава на аукција во Санта Моника, а сите пари ќе одат во добротворни цели.
Кецот на Хенкс има мотор со 1.300 кубика, со четири брзини, 13-инчни тркала и има поминато 9 илјади милји, тој е во возна состојба и е спремен да товари цел фамилија и сите потребштини за 2-неделен одмор во камп во Бечиќи.
Фиат прв пат ја вади 128 во 1969 и ја произведува до 1985. 128-цата е возилото на кое се базираат сите Застава Скала модели: Застава 101, Застава 1100, Застава 1300 и Застава ГТЛ.