Таг: Том Хенкс

Се продава Стоеден

Ние го знаеме како Стоеден, Стојадин и Стокец, неговиот оригинален производител го води како Фиат 128, и од таму би сакале да знаете дека токму овој модел бил автомобилот за секој ден на Енцо Ферари. Стокецот што сега се продава не е тој на Енцо, туку е на Том Хенкс.

Како изгледаше кога Том Хенкс го присилија да држи говор

Во договорот за филмот „Ангели и демони“ Сони му вметнува на Хенкс дека ќе мора да се појави и да држи говор на ЦЕС конвенцијата. Том Хенкс најпрофесионално се појавува, и најпрофесионално го трола Сони веројатно како никогаш во историјата, имајќи спектакуларно добар настап на кој не штеди ни најмалку од својата маестралност.

Нова книга кратки раскази на Том Хенкс

„Со само еден исклучок, дебитантската збирка на Хенкс би можела да биде дело на самиот Форест Гамп“. Вака ја сосекува книгата критичар на Гардијан, а и останатите не се многу понежни.

Том Хенкс испрати машина за кафе во Белата куќа

Не е за турско, туку за јако црно еспресо, кое треба да им помогне на новинарите кои известуваат од кабинетот на претседателот да останат будни и концентрирани во борбата за вистината. За некои од нашите може рачно цедалче за лимун ќе заврши повеќе работа. 

Расказ на Том Хенкс објавен во „Њујоркер“

Том Хенкс глуми, режира, продуцира, но сега и официјално се вклучува во еснафот на прозни пишувачи - негов расказ е објавен во најновиот број на престижно списание, каде би сакале да се најдат голем број негови филмско-книжевни колеги.

Апликација за чукање на машина на Том Хенкс

Hanx Writer го симулира искуството на старите машини за чукање, но го oлеснува и го забрзува како да пишуваш на Ајпад. Хајлајц: прави ШК-ШК, ЅИН и ФТ-ФТ.

Том Хенкс теорија

Што ако секој филм со Том Хенкс е само еден дел од епската приказна за неговиот живот. Целото патешествие од Форест Гамп до Капетанот Филипс.

Како да го подмитиш Том Хенкс?

Што треба да направиш ако не си Опра, Џеј Лено или Лери Кинг, а сакаш во емисија да имаш ѕвезда како Хенкс? Ќе си дознаеш на што се пали, и на најсуптилен начин ќе му го понудиш она што тој не може да го одбие. Во случајов сето ова не можело да биде изведено подобро.