The Nerdist Podcast е неделно шоу, во кое водителот Крис Хардвик зборува за тоа „што навистина значи да се биде чудак" со познати комичари и забавувачи, често во нивните домови. Гости до сега му биле Адам Севиџ од Митбастерс, Ози Озборн, Вилием Дефо.
Но во јули оваа година Хардвик одлучува дека сака во шоуто да го има ни помалку ни повеќе туку Том Хенкс. Дознава за неговата пасија по стари машини за куцање, и на една таква му пишува покана. Еве го писмото и одговорот:
9. јули 2012
Почитуван Том,
Те молам прими ја оваа машина за куцање како формална покана да гостуваш на мојот многу-популарен-меѓу-децата Nerdist Podcast. Тоа е супер релаксиран, забавен муабет, кој ќе се однесува на комедијата, НАСА и сето останато за што сакаш да зборуваш - можеби нова Вебсерија??
Ние сме фини момци со кои е лесно да се излезе на крај и никогаш не сме убиле никого. До сега ни гостувале твојот син Колин, Тина Феј, Конан, Џими Фалон, Брајан Кранстон, Џон Литгоу, Вилијем Дефон, ЏЏ Абрамс, Нил Патрик Харис, Нил Деграс Тајсон, Џоел МекХал, Џон Хам и Мапетите. Би ми се остварил сонот доколку те додадам на списокот. Те молам прими ја оваа Смит Корона од 1934., како подарок што воопшто си ја зел предвид поканава. Ова би требало САМО МАЛКУ да влијае врз твојата одлука.
Гушки и „да пукне",
Крис „Стари машини за куцање" Харвик
Одговорот:
13. јули 2012
Драг Крис, Ашели, и сите вие ѓаволести генијалци во Nerdist Industries
Што се мислите бе вие, кои сте да ме поткупувате да се појавам на тоа емисијата, подарувајќи ми фантастична Corona Silent направена во 1934?
Вие сте ненормални ако мислите...дека јас..вау, ова супер работи...и ова е темно гримизна боја...Чекај! Не сум ја толку глуп за..и куца речиси нечујно..О, ОК!
Моите луѓе ќе ве контактираат и ќе смислиме некое интервју...
Одете по ѓаволите,
Том Хенкс
Наш коментар: Том е цар!