Еднаш пишувавме за опседнатоста на славниот актер со машини за чукање, до толку што ако му подарите некоја ретка и зачувана можете да го поткупите да ви гостува во емисија. Епа тој ист Хенкс ги следи чекорите на Кардашијан, и влегува во 21-иот век со...апликација која ви го симулира чувството на пишување на една од нив.
Се вика Hanx затоа што Том така ги потпишува приватните мејлови. А неговата апликација се разликува од сличните по тоа што сепак го содржи копчето Delete, плус ако сакате испушта звуци од типот ШК-ШК и ФТ-ФТ, без кои, ќе се согласите, чукањето не е тоа тоа.
Ова е твитот кој го пушти Хенкс по повод промовирањето на апликацијата. Го искинаа дека го искуцал на - компјутер.
А еве колку брзо пишува Том (на филм, а веројатно и во живо):