По објавувањето на веста, единствен што се огласи беше Маск кој порача дека е близок пријател со ко-основачот на Гугл и дека во скоро време се видел со него, а испорача и слика од нивната скорешна средба.
Маск изјави и дека со Никол се има видено само 2 пати во изминатите 3 години, и двата пати биле опкружени со многу луѓе.
Разводот меѓу Брин и Шанан се должи на „непомирливи разлики“. Парот има потпишано предбрачен договор, и моментално преговараат за сумата што ќе ја добие Шанан, која инситира на нешто повеќе над 1 милијарда долари. Богатството на Брин се проценува на 96 милијарди долари.
Шенон во своето резиме има позиции како адвокат за Кодекс, Центарот на Стенфорд за правна информатика и ја основаше компанијата КлиарАксесАјПи, која се занимава со монетизирање на патенти.
Од 2019 отвора своја фондација, Биа-Ехо, во кој со 100 милиони долари треба да работи на репродуктивна долговечност (помош за жени подоцна во животот да можат да останат бремени) и реформи на кривичното право во САД.
Брин и Никол имаат 3-годишна ќерка.
Изминативе неколку години се разведоа:
- Сергеј Брин
- Бил Гејтс
- Џеф Безос
- Илон Маск (веројатно неколку пати)