Модерното западно општество ги цени извонредноста, успехот и продуктивноста на нечии определби, но постои извонредна корист од бркање хобија во кои човек баш и не е толку добар.
Малку да се помачиш а малку па и да не успееш во нешто е повеќекратно корисно: ем ги ги изострува нашите умови и тела ем нè држи приземјени.
Фиксацијата на модерниот западен човек со перфекционизмот го уништува нашето ментално здравје, пишува Вокс.
„Многумина не се занимаваат со хобија само затоа што се плашат дека ќе бидат лоши во нив. Се мисли дека штом ќе се започне нешто, мора да се постигнат впечатливи резултати во тоа“, пишува Тим Ву во Њујорк Тајмс.
Не само што е ок, туку е многу добро да се прават работи чисто за себе.
Постојат студии дека терањето себеси да се научат нови вештини - без разлика дали се ментални или физички - е поврзано со намален ризик од деменција како што се старее.
Борбата, па и неуспехот, се едни од најефикасните начини да се надминуваат стравовите и да се зголемува креативноста. Правењето работи во кои сме лоши нè учи да останеме скромни - и да се смееме на себе. Згора на тоа, да се биде ок со тоа што да се биде лош во нешто е е одлично за мир на умот.
„Кога одбивате да правите нешто затоа што во тоа не сте одлични, всушност си кажувате себеси дека сте во ред само ако сте совршени“, вели терапевтот Ејми Дарамус. „Тоа ќе ве доведе до доста страдања во животот.