Во САД, луѓето јадат повеќе протеини отколку што им е потребно, пишува Сајентифик Американ. Тоа можеби не е лошо за здравјето на луѓето, но проблем прават остатоците.
Особено за водите.
Велат, отпадните води на државата се преполни со остатоци од дижестирање протеини: азотни соединенија кои можат да ги хранат отровните цветови на алгите и да го загадуваат и воздухот и водата за пиење. Штетноста на овој извор на загадување со азот им парира дури на ѓубривата користени во прехранбени култури, сугерира ново истражување.
Кога прекумерно се консумираат протеини - без разлика дали доаѓаат од леќа или кременадла - нашето тело го разложува вишокот во уреа, соединение што содржи азот од кое се ослободуваме преку урината што на крај завршува во отпадни води.
Од Универзитетот во Калифорнија откриле дека поголемиот дел од загадувањето со азот присутно во отпадните води - околу 67 до 100 проценти - е нуспроизвод на она што луѓето го консумираат.
„Многу размислуваме за азотот во отпадни води. Знаевме дека тоа е проблем“, вели Алмараз. „Но, не знаевме колку врз тоа влијаат изборите што ги правиме преходно - кога одиме во самопослуга, кога готвиме оброк и што на крајот внесуваме во нашите тела“.
Откако ќе влезе во животната средина, азотот во уреата може да предизвика спектар на еколошки ефекти познати како „азотна каскада“. Под одредени хемиски услови и во присуство на одредени микроби, уреата може да се распадне и да формира гасови од оксидиран азот. Овие гасови стигнуваат до атмосферата па придонесуваат за затоплување и кисели дождови. Во други околности, алги и цијанобактерии, фотосинтетички бактерии наречени и сино-зелени алги, директно се хранат со уреа. Азотот им помага да растат многу побрзо од вообичаено па ги затнуваат резервите на вода со цвет кој може да произведува токсини штетни за луѓето, другите животни и растенијата. И кога алгите на крајот ќе умрат, проблемот не е завршен. Микроорганизмите кои се хранат со мртви алги го користат кислородот во водата, што доведува до „мртви зони“ во кои многу водни видови едноставно не можат да преживеат, во реките, езерата и океаните.
Ич да не јадеме, најарно.