Изјавата за 30-те проценти е на литвански воен експерт кој во тоа време меѓу другото на терен работи на дистрибуција на воената помош за украинските сили.
Без разлика на останатата содржина на 23-минутниот документарец, Си-би-ес само заради оваа изјава решава да го избрише документарецот од својот сајт, главно по лавината критики што доаѓа украинската влада која го негира сето ова.
Аргумент на украинската влада е и дека разговорите се од април (кога се случуваат некои од најголемите битки и промени на фронтот), а дека денес ситуацијата е сменета.
Тоа што е симптоматично околу повлекувањето на документарецот е и дека тоа речиси не се споменува, а не па критикува, во меинстрим медиумите.
Забелешката на Кристал Бол од Брејкинг поинтс е дали светските медиуми ги повлекоа и своите вести и репортажи за „духот на Киев“, за кои самата украинска влада призна дека никогаш не постоел и е измислен во пропагандни цели.
Некој го сочувал документарецот: