Американската новинска мрежа Си-би-ес викендот го почна со триумфална објава дека официјално престанува со објавување на Твитер главно заради несогласување со промените по доаѓањето на Илон Маск. Викендот уште не беше завршен а Си-би-ес веќе беше официјално пишманет.
„Само 30% од помошта во оружје за Украина стигнува до крајната дестинација,“ е едно од тврдењата на документарецот на Си-би-ес работен неколку месеци на терен во Украина, кој телевизиската мрежа целосно го збриша само неколку дена по објавувањето.