Доаѓаат „пандемиски бебиња“ со крш имунитет

Австралија и Нов Јужен Велс регистрираат десеткратно зголемување на „пандемиски бебиња“ кои заради респираторни компликации мора да бидат одведени на интензивна нега. Британски медиуми пишуваат таквите бебиња на светот доаѓаат со недоволно развиен имунитет.

 

Главно се работи за тн респираторен синсишал вирус, односно РСВ, од кој годишно умираат 120.000 бебиња и мали деца. Во Нов Јужен Велс се случува експлозија на такви случаи, од 355 случаи неделно, на 3.775 случаи.

Деили Меил пишува дека бебињата се разболуваат бидејќи „немаат имунитет“ при што се шпекулира дека тоа доаѓа од „целосно вакцинираните“ мајки во чие тело малите не развиле соодветен одбрамбен механизам. Ваквите стравови се надоврзуваат на оние од студиите кои предупредуваа дека вакцините имаат катастрофален ефект врз репродуктивниот процес, поконкретно врз бројот на спонтани абортуси во првиот триместар од бременоста.

Д-р Филип Бритон од Детската болница во Вестмид вели дека анализата на приемите во единицата за интензивна нега низ Австралија покажува дека многу бебиња со РСВ знаат да испаднат позитивно тестирани и за грип и за ковид, истовремено. 

Некои од „пандемиските бебиња“ се манифестираат со воспаление на белите дробови, мозокот и срцето, предизвикано од грип, ковид и/или РСВ.

1 јули 2022 - 11:50