Моментално „мажите кои имаат секс со други мажи“ се најризична група за заразување од мајмунски сипаници. Околу 99% од сите случаи се кај мажи, а најмалку 95% од нив се „мажи кои имаат секс со други мажи“.
Препораката директно доаѓа од Тедрос, директорот на Светската здравствена организација, кој оваа демографија ја замолува за намалување на бројот на партнери, паузирање на нови партнери, и размена на подетални лични податоци со новите партнери да не не дај боже затреба за понатамошно лекување.
До сега регистрирани се над 18.000 случаи на мајмунски сипаници во 78 држави. Од нив околу 10% завршиле во болница, а во Африка се пријавени 5 смртни случаи. СЗО заради болеста прогласи глобална здравствена вонредна ситуација поврзана.
Болеста главно се шири преку кожа-на-кожа допир за време на секс, а предупредувањето од научната фела е дека вирусот многу повеќе ќе почне да се шири ако луѓе не почнат да се воздржуваат од секс посебно со нови партнери. За сега сипаниците не се водат како сексуално пренослива болест, а иако главно се пренесува преку секс, таа може да се префати и преку гушкање и бацување со семејството или користење заеднички пешкири или постелнина.