На примероците чај и зачини, откриени се остатоци од 3264 различни артроподи (членконоги), група која опфаќа од пајаци и скорпии до стоногалки.
Во просек кај секој единечен примерок имало ДНК од над 200 различни бубачки, а најголем број на различна еДНК (Environmental DNA) имало кај зелениот чај.
Членконогите оставаат еДНК во својата природна средина преку плунка додека џвакаат, вршат нужда или ползат по некоја површина. Користејќи методи развиени последниве неколку години, научниците од Триер Универзитетот и Макс Планк Институтот за еволуциска биологија, успеваат да ја одделат еДНК-та на бубачките од ДНК на растението.
Во студијата објавена во журналот Билоџи летерс тие откако успеваат да ги одделат двата вида на ДНК, потоа ја изучуваат еДНК-та за да утврдат кој е нејзиниот точен извор.