Живот и забава

Коен може да каже: Алелуја!

18 месеци затвор за жената на која можеме да ѝ заблагодариме за некои од најубавите песни на Леонард Коен.

Да се живее или да се седи?

Сериозно истражување на сериозен примерок упатува на многу, лоши вести за навиката да се седи и нејзините последици по здравјето. Сумирано: колку подолго седиш, толку пократко ќе седиш.

Мислам, значи не сакам

"Во секој случај, оженете се. Ако ви се погоди жената, ќе бидете среќни, ако не ви се погоди, ќе станете филозофи". Така викаше Сократ. Имаме три примери на генијални филозофи кои знаеле сè, освен да сакаат.

Мозок на потивко

Гледањето порно згаснува одредени делови од мозокот (и машкиот и женскиот). Или, зошто никогаш не забележувате детали во порничите.

Најскапиот развод на светот

Во декември 2008-ма Елена Рибовлева решава да се разведе. На одење, бара оштета од 6,3 милијарди долари од својот (на големо) неверен сопруг, инаку 13-от најбогат Русин. Уште ги бара.

Години на сипаници

САД бележат најголем број на заболени од сипаници во последниве 15 години. Најголемиот виновник го гледаат во Европа која сè поретко се вакцинира.

Да ги слушнеме економистите

300 угледни американски екомомисти меѓу кои и тројца Нобеловци потпишаа петиција со која бараат Барак Обама да посвети целосно внимание на наодите на нивен колега дека легализацијата на марихуаната може да и заштеди огромни пари на државата.

Лакомата ќе го јаде

Обвинетата: Друже судија, собирав бонови за храна затоа што бев невработена. Обвинителот: Ама доби ли во кеш 735.000 долари на лотарија? Обвинетата: Па, да.

Утро со мирис на отпакување

Тројца Австралиски уметници најдоа начин како секој да се чувствува како да отвора нов производ на Епл, и без секоја година да купува нешто ново.

Како кокаинот стана толку евтин?

Еден од аргументите за неуспешноста на војната против дрогата е и фактот што во изминатите 3 децении цената на кокаинот падна меѓу 80 и 90%.

Принц изветреа 4 милиони долари

Американскиот музичар доби судска наредба да врати 4 милиони долари на еден производител на парфеми затоа што не ги исполнил обврските да ги промовира нивните производи.

Хајка по килограмите

Ужаснати од проекциите дека до 2030 година речиси половина нација ќе влезе во категоријата дебели, британските лекари ја обвинија владата за млитава политика за справување со овој проблем и побараа неколку радикални решенија.

Црно и бело - Баку

Неколку десетини илјади жители на Баку имаат причина да ги мразат Ели и Ники, минатогодишните победници на Евровизија заради кои главниот град на Азербејџан годинава ќе биде домаќин на приредбата.

Планетата да ни се извини

Последните податоци за нивото на јаглерод диоксид во атмосферата покажуаавт дека тое е идентично со периодот кога наоколу немало баш толку ауспуси и фабрички оџаци - пред три милиони години.

Мила душа

На времето: маж бега на балкон и бара помош од полиција бидејќи сопругот дошол порано дома. Сега: маж бега на балкон и бара помош од полиција бидејќи жената сака уште секс.

Бар за брокери

Под претпоставка дека гостите ги бираат пијачките по основа на цената, бар во Калифорнија воведе берзанско плаќање на пијалаците.

Wont Get Fooled Again?

Организаторите на Лондон 2012 го прашале менаџерот на The Who, дали и Кит Мун ќе свири со бендот на церемонијата на затворањето. Тие што сфатија што глупост побарале нека продолжат со читање. За другите не е ни битно.

Вселенскиот непријател на Русите

Америка има проблем со Мексико, ЕУ има проблем со секој што не е ЕУ, Грција има проблем со сите што и се во близина, а Русија има проблем со - астероиди.

Титаник + 3D - гради

 Лоша вест за Кинезите: и кај нив ќе стигне Титаник во 3Д. Уште полоша: од целиот филм, единствено градите на Кејт Винслет ќе бидат избришани.

А сад адио

Економските аналитичари наидоа на симптом дека американската економија полека закрепнува: луѓето сè почесто даваат отказ и ги напуштаат своите работни места.

Светот без свет

Налик сцената од Матрикс кога во Њујорк нема жив човек, француските фотографи Луси и Симон претворија некои од најпрометните места на светот во пусти пејзажи, и тоа со техника на НАСА.

Светлината ги гаси ѕвездите

Таканареченото светлинско загадување го упропастува небото над Велика Бртитанија. Претераното градско светло избришало две третини од ѕвездите.

Уште едно чудо!

Соочена со опасност од избивање скандал околу фотографијата од која се гледа дека Патријархот носи ужасно скап часовник, Руската Православна Црква беше принудена да издејствува чудо: часовникот да изчезне од сликата! И потоа пак се појави!

Свет 2012-та

Бидејќи архитектурата во последниве години го замени таксирањето како резервно занимање на Македонецот (тоа што си бербер не значи дека не си и Гауди), да си го провериме вкусот со топ листата на Деjли Телеграф од 21 најгрда градба на светот.