Свет 2012-та

Бидејќи архитектурата во последниве години го замени таксирањето како резервно занимање на Македонецот (тоа што си бербер не значи дека не си и Гауди), да си го провериме вкусот со топ листата на Деjли Телеграф од 21 најгрда градба на светот.

- На 21-во место со висина од 120 метри е АрчелорМитал Орбит кулата во Стратфорд, Лондон. Објектот е огромно парче на јавна уметност и генерално ќе биде искористен за Олимпијадата 2012-та. Дизајнирана е од Аниш Капур и Сесил Балмонд и треба да биде отворена годинава.

- Зградата на Веризон во Њујорк. Отворена во 1975-та, дело на Роуз, Битон и Роуз.

- Првиот заоблен облакодер во светот се наоѓа во Абу Даби. Зградата е дело на компанијата MZ architects, а инаку е седиште на градежната компанија Алдар.

 - На 18-то место е седиштето на компанијата Longaberger Basket. Зградата е отворена во 1997-ма.

- Телевизиската кула Жижков во Прага. Завршена во 1992-ра, кулата е украсена со скулптури од бебиња што ползат.

- Понте Сити во Јоханесбург, највисокиот станбен облакодер во Африка. Има 54-катови, дизајниран е од Манфред Хермер а изградбата е завршена во 1975-та.

- Зградата на 15-то место е завршена во 2010-та. Има вкупно 42 ката и службеното име и е Strata SE1. Дизајнирана е од BFLS.

- Националната библиотека на Белорусија во Минск. Дизајнирата од Михаил Виноградов и Виктор Крамаренко. Отворена е во 2006-та.

- Хотелот Grand Lisboa во Макао, отворен во 2007-ма. Дизајниран од Денис Лау и Нг Чу Ман.

- Зградата на Радио Словачка во Братислава. Превртената пирамида е дизајнирана од Штефан Светко, Штефан Дурковиќ и Барнабаш Кислин и беше отворена во 1983-та.

- Зградата Слон во Бангкок. Дизајнирана од Сумет Јумсаи и е завршена во 1997-ма.

- Седиштето на британската тајна служба, е дело на Тери Фарел и е отворена во 1994-та.

- Мирадор зградата во Мадрид. Дизјанирана од холандските архитекти MVRDV во соработка со шпанскиот архитект Бланка Лео. Зградата е отворена во 2005-та.

- Плоштадот на Федерацијата во Мелбурн. Дизајниран од Бејтс Смарт и Lab Architecture Studio. Отворено во 2012-та.

- Метрополитенската катедрала во Ливерпул. Дизајнирана од Фредерик Гиберд и отворена во 1967-ма.

- Руската амбасада во Хавана. Дизајнирана од Александар Г. Рочегов и отворена во 1985-та.

- Првите 5 почнуваат со Tours Aillaud во париското предградие Нантер. Дизајнирана од Емили Аило а пуштена е во употреба во 1977-ма.

- Инспирацијата за оваа зграда е стара кинеска паричка. Фанг Јуан зградата во Шенјанг е отворена во 2001-ва и е дело на архитектот CY Lee.

- Националната библиотека во Приштина, дело на хрватскиот архитект Андрија Мутњаковиќ. Отворена во 1982-ра.

- Хотелот Ryugyong во Пјонгјанг, има 105 катови и е дело на Baikdoosan Architects & Engineers. Изградбата започна во 1987-ма, и беше прекината меѓу 1992-ра и 2008-ма. Од надвор зградата е завршена, но се уште не е познато кога ќе се отвори.

- Torre Velasca во Милано. Дизајнирана од BBPR и е изградена во 50-те години.

 

10 април 2012 - 10:55