Wont Get Fooled Again?

Организаторите на Лондон 2012 го прашале менаџерот на The Who, дали и Кит Мун ќе свири со бендот на церемонијата на затворањето. Тие што сфатија што глупост побарале нека продолжат со читање. За другите не е ни битно.

Кит Мун, човекот за кој со страхопочит зборуваат рокенрол ѕверови како Кит Ричардс и Алис Купер, почина во 1978-ма година, на 32-годишна возраст од предозирање со лекови.

"Ме прашаа дали Мун ќе биде достапен за свирката. Им вратив меил во кој им објаснив дека Кит сега престојува во Голдерс Грин крематориумот и дека ако имаат округла маса, чаши и свеќи би можеле да пробаме да го контактираме," изјавил менаџерот на The Who за Сандеј Тајмс.

Од оригиналната постава на The Who, останати се само Роџер Далтри и гитаристот Пит Таунсенд, кои уште настапуваат заедно.

13 април 2012 - 20:39