Светот без свет

Налик сцената од Матрикс кога во Њујорк нема жив човек, француските фотографи Луси и Симон претворија некои од најпрометните места на светот во пусти пејзажи, и тоа со техника на НАСА.

Во фотосесијата меѓу другите стишени се центарот на Париз, Лувр, Медисон Сквер, железничката во Пекинг, Радио сити мјузик хол, Плоштадот Тиенанмен, Центарот Рокфелер и Тајмс Сквер.

За да ја постигнат "мртвата тишина" фотографите користеле "neutral density filter" кој НАСА обично го користи за анализирање на ѕвездите. ND филтерот во основа ги израмнува сите бранови должини на светлината кои минуваат низ него.

Ова им дозволило на фотографите да прават фотографии со долга експозиција, по што можат лесно да отстранат какво било поматување во сликата предизвикано од движењето на луѓето.

Осамените луѓе што ги гледате на сликите, за време на експозицијата стоеле мирно.

 

12 април 2012 - 11:48