43-годишен Германец запознал 4 години постара жена во бар во Минхен. По неколку пијачки двајцата се договориле да одат кај нејзе во стан, за секс.
По неколку партии, мажот сметал дека ја завршил својата должност, но жената не се согласувала. Тој се обидел да излезе од станот, но таа го сопрела и барала повторно да спие со нејзе.
"Бидејќи 43-годишниот немал друга алтернатива, тој се согласил со желбите на жената за уште неколку пати, пред да може да си оди," изјавил полицискиот портпарол.
Кога и после ова таа сакала уште секс мажот избегал на балкон и побарал полиција. Кога дошле полицајците, жената се обидела и нив да ги наговори да спијат со неа. Неуспешно.
Жената може да биде обвинета за сексуален напад.